CV

Александар Костадиновски е роден 30.04.1980 година во с.Долно Седларце, Тетово. Дипломира 2003 година на Економскиот факултет во Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј, на департманот сметководство и ревизија. Во 2005 година ги завршува магистарските студии од областа на сметководство и ревизија на  Економски факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј. Докторската дисертација ја одбранува 2009 година исто така на Економскиот факултет во Скопје.

По дипломирањето Александар Костадиновски, има работено како асистент ревизор и финансиски работник. Од 2005 година е избран за асистент на Европскиот Универзитет во Скопје. Во 2009 година  д-р Александар Костадиновски е избран за доцент во областа сметководство на Економскиот факултет, при Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип, каде што до денес е ангажиран како носител на предметните дисциплини Финансиско сметководство и Управувачко сметководство. 

Д-р Александар Костадиновски е лиценциран судски вештак во областа на материјалното, финансиското и сметководственото работење, и овластен проценител на капиталот на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни субјекти. Во наведените области активно остварува апликативна дејност.

Д-р Александар Костадиновски активно се служи со англискиот јазик и информационите технологии. Автор е на десетици публикации од сметководствената област.