International Relations / Меѓународни односи

Целта на предметот е студентите да се запознаат со постулатите и парадигмите на субјектите на меѓународната заединица, кои ги предводат нивните меѓусебни односи. Врз основа на интердисциплинарниот пристап во рамките на предметот, студентите ќе имаат можност да ги согледаат и да ги спознаат клучните случувања и пресврти на меѓународната сцена (како на пример двете Светски војни, Студената војна, пост-воениот период, меѓународниот тероризам и сл.) преку теориската призма на меѓународните односи, но, и истовремено да се запознаат и да ги проучат надворешните политики на глобалните актери во меѓународната заедница. 

Што се однесува до содржината, предметот ја има следната содржина: 

Вовед во дисциплината на меѓународните односи. Историја и развој на меѓународните односи. Реализам. Идеализам. Конструктивизам. Марксизам и критичката теорија. Феминизам. Англиската школа. Пост-модернизам. Пост-колонијализам. Религиите и меѓународните односи. Меѓународните односи и Европската унија. 

Semester: 

Winter

Offered: 

2017