Policies of the European Union / Политики на Европска унија

Целта на предметот е студентите да се запознаат со активностите на Европската унија кои произлегуваат од одредбите на нејзините основачки договори, но исто така, и со политиките кои понатаму ги развива Унијата преку Европската комисија и преку другите европски институции. Политиките на Европската унија всушност го претставуваат целиот корпус на европски правила и норми, кои се заеднички за сите земји членки, а кои уредуваат прашања кои пред се’ поседуваат супранационален карактер, како што е заедничкиот пазар, царинската унија, или пак земјоделската политика. Овој предмет ќе им овозможи на студентите подетално да ги проучат разните области на делување на Европската унија, во чии рамки би се приклучила и Република Македонија. 

Што се однесува до содржината на програмата, таа е следната: 

Историски развој и процес на европска интеграција. Заеднички пазар, Царинска унија и Економска и монетарна унија. Земјоделска политика. Политика во областа на рибарството. Политика на социјален напредок. Политики за правата на граѓаните. Политика на регионален развој. Политика за животна средина. Политика од областа на истражувањето и техонологијата.Политика од областа на енергетиката. Политика од областа на сообраќајот. Надворешни политики на Европската унија. 

Semester: 

Summer

Offered: 

2017