Пијано 2

Предметот Пијано 2 се слуша на Вокално - инструменталниот оддел и на Одделот за теорија на музиката и музичка педагогија.

Во рамките на ВИ одделот, предметот Пијано 2 опфаќа припрема и изведба на солистичка програма која се состои од 4 композиции од различни епохи:

  1. Полифона барокна композиција - Бах, Хендл итн.
  2. Соната  - Хајдн, Моцарт, Бетовен итн.
  3. Виртуозна етида - Шопен, Лист, Менделсон итн.
  4. Композиција по избор од романтизмот, импресионизмот и  20-от век
Во рамките на МТП одделот, предметот Пијано 2 опфаќа припрема и изведба на програма која се изведува со можност за читање на нотниот текст, која се состои од 4 композиции од различни епохи:
  1. Полифона барокна композиција
  2. Соната од раниот класицизам - прв став и втор став
  3. Етида
  4. Композиција по слободен избор од романтизмот до современи композиции