Пијано 7

Предметот Пијано 7 се слуша на Вокално - инструменталниот оддел и на Одделот за теорија на музиката и музичка педагогија (како изборен предмет).

Во рамките на ВИ одделот, предметот Пијано 7 опфаќа припрема и изведба на солистичка програма која се состои од композиции од различни епохи, и тоа:

  1. Полифона барокна композиција - Бах, Хендл итн.
  2. Соната од периодот на класицизам, романтизам, импресионизам и 20 век - Хајдн, Моцарт, Бетовен, Брамс, Прокофиев итн.
  3. Виртуозна етида - Шопен, Лист, Менделсон, Скрјабин, Рахмањинов итн
  4. Композиција по избор од периодот на класицизам, романтизам, импресионизам и 20 век