Трудово право

Предметот ги запознава студентите со законот за работни односи и колективниоте договори и преку нив со сите институти на трудовото право.

Содржина на предметот: Со овој предмет се опфаќаат сите институции од областа на работните односи предвидени со Законот за работни односи. Тука пред се се мисли на засновањето на работниот однос, правата од работниот однос, престанокот од работниот однос, заштитата на правата од работниот однос, како и одговорноста на работниците од заснованиот работен однос. Покрај тоа, оваа дисциплина ги проучува невработеноста, системот на надзор и заштита на правата од работниот однос и социјалното осигурување.

Class: 

Трудово право