Проекти

ЈАЗИКОТ, КУЛТУРАТА И ФОЛКЛОРОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Цели на проектот
Предложениот проект има двојна цел:
1. што поскоро комплетирање на јазичниот и фолклорниот материјал надвор од границите на Република Македонија, и
2. Објавување монографија со анализа на јазичниот, фолклорниот и етнографскиот материјал, со голем број илустративни текстови.
Задачи на проектот
Проектот има поставено неколку задачи од кои се очекуваат следниве резултати:
- собраниот јазичен материјал ќе даде јасна слика за состојбата на Македонците, иселеници во Република Турција;