Доделување дипломи на дипломираните студенти и магистри на Земјоделски факултет

Во рамките на активностите организирани на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип по повод патрониот празник, на 26 март во свечената сала на Земјоделски факултет дипломираните студенти и магистри имаа можност да ги облечат свечените одори и да ја стават академската капа со која заокружуваат еден циклус на образование.