Настава

Структурна геологија

Содржина на предметната програма: Вовед; содржина и значење на структурната геологија; основни податоци за деформациите на цврстите тела; класификација на геолошките структури; примарни геолошки структури; секундарни нетектонски структури; фолијација и линеација; наборни структури; методика на испитување на наборите; руптурни структури: кливаж, пукнатини; раседни структури; тектонометаморфни структури; знаци за графичко прикажување на структурните елементи.

Поврзани материјали за предметот:

Геолошко картирање

Содржина на предметната програма: Топографска основа; поделба на геолошките карти; ориентација и мерење на терен и на картата; основни методолошки принципи на регионалните истражувања; геолошка работа на терен; тектонски испитувања; картирање на седиментните карпи; картирање на магматските карпи; картирање на метаморфните карпи; геолошка графика; изработка на геолошки извештај; испитување на минералните суровини; фотогеологија.

Поврзани материјали за предметот:

Геотектоника

Содржина на предметната програмаПредмет на проучување и поделба на геотектониката; градба на Земјата; основни структурни елементи на литосферата и типови на тектонски движења; современи движења и методи на нивни проучувања; неотектонски движења и методи на нивни проучувања; методи на палеотектонска анализа; геосинклинали; континентални платформи; океани; длабински раседи; основни етапи на развојот на земјината кора; геотектонски хипотези; тектоника на плочи (глобална тектоника); геотектонски единици на Балканскиот Полуостров; геотектонски единици …

Сеизмотектоника

Содржина на предметната програма: Земјотреси и зони на појавување; енергетски карактеристики на земјотресите; временски и просторни карактеристики на земјотресите; тектонски причини за настанување на земјотресите; земјотресни појаси во светот; средоземен сеизмотектонски активен појас; земјотреси во Македонија; епицентрални подрачја; Скопско сеизмогено подрачје; Валандовско епицентрално подрачје; дејството на сеизмичките сили на површината; геолошки параметри за просторно-временско претскажување на земјотресите.

Методи на далечинска детекција

Содржина на предметната програма: Вовед и општи поими; фотогеологија; авионски и сателитски снимки; стереоскопско гледање; стереоскопи, мерење под стереоскоп; пренесување на податоците на топографска карта; аеротриангулација; топографска интерпретација, геоморфолошка интерпретација, литолошка интерпретација; структурна интерпретација на снимките; подготовка за фотогеолошка обработка; изработка на фотогеолошка карта; методика на употребата на аероснимките при геолошкото картирање.

Поврзани материјали за предметот:

Географија

Содржина на предметната програма: Вовед; поделба на географијата; историја на географијата; Земјата како небеско тело; географска карта; положба, големина и облик на географскиот простор; геоморфологија; географски карактеристики на релјефот; географски карактеристики на метеоролошките услови; клима; географски карактеристики на водите; географски карактеристики на геолошкиот состав; педолошки состав на земјиштето; географски карактеристики на вегетацијата; географски карактеристики на населението; географски карактеристики на стопанството и …

Принципи во геологијата

Содржина на предметната програма: Геологија: предмет на истражување, методи, поделба и развој; Земјата во космосот; сончев систем; форма, градба размери на Земјата, физичко-хемиски карактеристики; ендодинамика, геодинамички процеси, магматизам; вовед во петрографијата; средини на формирање на карпите; магматски процеси; магматски карпи: кисели, интермедијарни, базични и ултрабазични карпи; седиментни карпи и седиментациски средини; класификација на седиментните карпи; метаморфни карпи и процеси; карактеристики и класификација на метаморфните карпи; …

Картографија

Содржина на предметната програма: Картографијата како научна дисциплина; историски развој на картографијата; карактеристики на картите; принципи на картографијата; геодетска основа и методи на формирање на картографски материјал; фотограметрија; размер; картографски проекции; рамки на картите; релјефот како елемент на картите; хидрографски елементи на картите; земјиште и вегетација како елемент на картите; населени места, објекти и комуникации како елементи на картите; граници, географски имиња и натписи како елементи на картите; картографски знаци; …

Применета картографија

Содржина на предметната програма: Одредување на координати на точки; мерење на растојанија, површини и агли на карта; профил на земјиштето; видови на ориентација; начин на ориентација; одредување точка на стојалиште на карта; движење по земјиште; тематски карти; картографски изразувачки средства; картографски методи за претставување на содржините на тематските карти; гранични линии, бои, геометриски знаци; симболи, дијаграми, скалари и вектори; картографски методи за претставување на содржините кај тематските карти.

Индустриска сопственост

Содржина на предметната програма: Предмет на индустриската сопственост; основни дефиниции;  права од индустриската сопственост; патент; поведување на постапка за заштита на патентот; испитување на пријавата за патентна заштита; доверлив патент; индустриски дизајн; поведување на постапка за заштита на индустрискиот дизајн; решавање по пријавата за заштита на индустрискиот дизајн; трговска марка; поведување постапка за заштита на трговската марка; испитување на пријавата за заштита на трговска марка; колективна марка; ознака на потеклото на производот и географска …

Општа геологија

Содржина на предметната програма: Геологија: предмет на истражување, методи, поделба и развој; Земјата во космосот; сончев систем; форма, градба размери на Земјата, физичко-хемиски карактеристики; ендодинамика, геодинамички процеси, магматизам; вовед во петрографијата; средини на формирање на карпите; магматски процеси; магматски карпи: кисели, интермедијарни, базични и ултрабазични карпи; седиментни карпи и седиментациски средини; класификација на седиментните карпи; метаморфни карпи и процеси; карактеристики и класификација на метаморфните карпи; …