Улогата и значењето на Државното правобранителство во правосудниот систем во Република Македонија

The role and significance of the state attorney's office in the justice system of the Republic of Macedonia

Целта на истражувањето е да дојде до сознанија и заклучоци за тоа дали и во колкав обем и квалитет државното правобранителство е соодветен механизам кој може да пружи соодветна заштита на имотните интереси на државата. Целта поконкретно е да се види дали постои потреба од реорганизација, јакнење на улогата и зголемување на капацитетот и квалитетот на работата на Државното правобранителство на Р. Македонија, кои се причини за евентуалното постоење на ваква потреба и што може да се направи de lege ferenda . Истражувањето ќе се реализира во временска рамка од две години во три од вкупни 15 седишта на државното правобранителство и тоа во Штип, Кочани и Струмица за да се опфати поконкретно штипското апелационо подрачје.