КОМПЕТЕНЦИИТЕ НА ВОСПИТУВАЧИТЕ ЗА ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА

THE COMPETENCES OF PRESCHOOL EDUCATORS FOR INTERCULTURAL COMMUNICATION

Мултикултурното или интеркултурното образование е активност со која се обидуваме да се постигнат реформи на главните цели  за децата кои доаѓаат од различно потекло, од различна раса, кои зборуваат различен јазик, кои се членови на различни етнички групи, да станат еднакви со другите деца (Banks and McGee Banks, 2010). Централната точка на проектот ќе се фокусира на проучувањето на интеркултурализмот во предучилишното воспитание и образование, особено на развојот на компетенции на предучилишните воспитувачи, едукатори, стручни лица за интеркултурна комуникација.  Во програмата за предучилишни деца, кој е официјален документ за работа во предучилишни установи во Словенија, интеркултурализмот како педагошко-дидактички принцип е дефиниран преку принципите на разновидност и мултикултура. Особено внимание се посветува на значењето на пристапот на воспитувачите со децата и родителите. Воспитувачите и стручните лица во градинките се соочуваат со потребите на децата и родителите од различни културни и етнички заедници. Етиката, заштитата и добрата програма се клучен дел за воспитание и образование за одржлив начин на живот, но и генерално за односот меѓу луѓето воопшто.  Општествата во Европа стануваат се повеќе културно различни, капацитетот за управување со етничка/културна разновидност во локалните заедници е исклучително важно. Воспитувачите, наставниците, стручните лица мора да ја знаат динамиката на глобалните и локалните миграции, и тие исто така мора да обликуваат меѓукултурни способности за работа со културно различни групи. Последново е важно за развојот на општествата во насока на прифаќање на другоста. Интеркултурната комуникација вклучува знаење, толеранција на нејасни, непредвидливи ситуации, флексибилност, свест за сопствениот културен идентитет, отвореност за нови искуства,  способност да се прилагодат на вредностите на другите, етичко однесување, трпение, посветеност, интерперсонални вештини, екстернализација и самоизразување, емпатија и смисла за хумор.

Главен истражувач: Кирил Барбареев (УГД, Факултет за образовни науки, Штип)

Истражувач: Јурка Липичник Водопивец (Универзитет Приморска, Педагошки факултет,Словенија)

Истражувач: Маја Хмелак (Универзитет Марибор, Педагошки факултет)

Истражувач:Снежана Јованова Митковска (УГД, Факултет за образовни науки, Штип)

Истражувач: Билјана Попевска (УГД, Факултет за образовни науки, Штип)

Млад истражувач: Јадранка Рунчева  Асистент докторанд (УГД, Факултет за образовни науки, Штип)

Млад истражувач: Сања Ливринска студент на 2 циклус студии на предучилишна педагогија на УГД