Патогени габи на пченицата и јачменот во Република Македонија и можности за заштита

Постер (.pdf)

Фитопатогените габи се најзначајните причинители на болести кај житните култури. Тие предизвикуваат намалување на приносот и квалитетот на житата посебно габите кои создаваат токсини кои што можат да предизвикаат тешки заболувања кај животните и човекот. Активностите предвидени во овој проект предвидуваат следење на здравствената состојба на пченицата и јачменот во Р. Македонија, колекционирање на заболениот материјал, изолирање на патогените габи и нивно проучување. На тој начин ќе се добијат сознанија кои видови на патогени габи се присутни кај житата во Република Македонија, ќе се збогати колекцијата на микроорганизми од фитопатогени габи при Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина кои потоа ќе можат да бидат употребени за научни и едукативни цели.

Научни трудови произлезени од проектот финансиран од УГД

Wheat and barley mycosis disseminated in the Republic of Macedonia