Лични податоци

 ЛЕНЧЕ МИЛОШЕВА 

Редовен професор на Факултет за медицински науки, Катедра за психијатрија и клиничка психологија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип  (области : Mедицинска и клиничка психологија; психотерапија; развојна психопатологија)

Советник за научна соработка на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип

2015-         тековно усовршување во психотерапија, РЕБТ и КБТ Центар Белград, придружница на Алберт Елис Институт, Њујорк

2009 -2015,  Втори докторски студии од клиничка психологија, психопатологија и психотерапија, Доктор по психолошки науки, Универзитет во Белград 

Научни студиски престои и усовршувања на универзитетите во : Белград, Копенхаген, Лувен, Рим, Марибор, Самара, Загреб, Нирнберг, Бамберг.

Над 100 научни трудови објавени во референтни научни списанија; автор на учебници и научни монографии; стручен редактор на научни книги

2007-JFDP Alumni, Постдокторско усовршување во САД, Louisiana State University, Baton Rouge , Клиничка психологија и развојна психопатологија

2002-Доктор на психолошки науки , развојна, социјална и клиничка психологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје

Додипломски и постдипломски студии од психологија,Институт за психологија, УКИМ, Скопје.

Раководно искуство и дополнително образование:

Проректор за настава, УГД, Штип, 2007-2009

Раководител на докторски студии по Невронауки, Факултет за медицински науки, УГД

Постдипломско образование  од маркетинг и менаџмент, Економски факултет, УКИМ, Скопје.

Раководител, консултант и учесник на национални и интернационални научни проекти

Независен експерт на Европска Комисија за евалуација на COST научни проекти

Национален координатор на Светска Здравствена Организација (WHO) за ментално здравје и болести на зависност

Член на Национална комисија за ментално здравје