Процена на различни генотипови полјоделски култури во системот на органско земјоделско производство

Апстракт
Иновациите во земјоделството во претходните 4 – 5 децении, генерално  се поттикнувани од аспект на високите приноси и профитот на фармите, што резултира со високи приходи, но исто така и со голем број на негативни странични ефекти врз животната околина. Во 1991 година во Европската Унија беше усвоена Регулатива на Советот бр. 2092/91 (EEC No. 2092/91). Првите почетоци на органското земјоделско производство во Република Македонија се бележат кон крајот на `90 години од минатиот век. Во април 2004 година Собранието го усвои Законот за органско земјоделско производство (Службен весник бр. 16/2004), додека при крајот на 2009 завршени се активностите за усогласување на Законот за органско земјоделско производство со новата регулатива на Заеднцата (834/2007) и Собранието на Р.М. го усвои новиот Закон (Сл.весник на РМ 146/09). Целта на предлог истражувањето  е да се направи оценка на најадаптивните и стопански значајни македонски и странски сорти житни и индустриски култури за органско производство, и разработка на научно-основани технолошки решенија за нивно производство како и производство на високи категории на сертифицирани семиња од нив. Активностите ќе бидат реализирани преку искористување на задолжителните пропишани методи, правила и принципи на органското производство. Ќе се применуваат современи методи и техники (теренски и лабораториски) за анализа и оцена на агробиолошката реакција, стандардни и современи методи (биохемиски) за мониторинг, следење и оцена на здравствениот статус на приносот, како и квалитетот на органски  произведените семиња. Земјоделскиот факултет при „УГД“ – Штип располага со сертфицирана земјоделска површина за органско производство и соодветнa материјално-техничка инфраструктура за реализација на предвидените проектни активности.