Емпириско истражување за вреднување и одржливост на туристичко – гастрономските специфичности на Брегалничкиот регион

Брегалничкиот - Источниот плански регион зафаќа површина од 3512,5 км2 или 13,7% (3539,1 км2) и во него според пописот од 2002 година живееле вкупно 305.930 население или 15,1%.

Во просторот на Брегалничкиот или источниот плански регион припаѓаат 12 општини: Берово, Виница, Делечво, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Свети Николе, Чешиново-Облешево и Штип, и во сите нив егзистираат 218 населби, од кои 9 градски и 211 селски населби.  

Просторот изобилува со природни и антропогени вредности кои туристички и гастрономски не се целосно валоризирани. Одредени простори од регионот имаат свои специфичности не само во обичаите, фолклорот и традициите, туку и во гастрономските специјалитети на разни традиционални и сезонски јадења, специјалитети, производи на пијалаци, мед и слично.  

Целта на проектот е преку нашето теренско истражување, анкети, сондажи, презентации и обуки да се утврдат руралните и урбаните туристички и гастрономски специфичностите на источниот плански регион. Се очекува да бидат идентификувани сличностите и разлики на разни гастрономски специјалитети меѓу одредени општини, микрорегиони, рурални и урбани населби. Да се издвојат одредени посебности кои можат да се презентираат и промовираат пред домашната и странската јавност како туристички и гастрономски атракции, манифестации и разни други содржина во функција на туризмот.

Резултатите од емпириското истражување ќе бидат статистички обработени, фотографски документирани и графички отпечатени.  На крајот од емпириското истражување планирано е да се реализира јавна Туристичко – гастрономска изложба, како и отпечатување на тематски флаери, туристички водичи и слично.