//
Мени

Биоактивни компоненти

Aнтиоксидативна и антимикробна активност на екстракти од овошје и Мента

За проектот

Биоактивните компоненти, антиоксидативната и антимикробната активност на екстракти од цвет, лист и целото растение на Mentha arvensis (органски произведено на територија на Македонија) ќе биде првата цел на овој проект. За ова цел, екстрактите произведени од суви и смелени цветови, листови и стебла од растението Mentha arvensis ќе бидат екстрахирани со различни растворувачи и изолирани со Клевенџер апаратура. Понатаму, биоактивните компоненти, антиоксидативна и антимикробна активност на екстрактите од Мента ќе бидат испитани. Антиоксдативната активност ќе биде определена во однос на вештачки радикали како ABTS или DPPH. Антимикробната активност ќе биде определена во однос на различни грам позитивни и грам негативни бактерии (како Escherichia coli) или габи (како Candida albicans).

Што всушност истражуваме

Ја истражуваме Антиоксидативната и антимикробната активност на есенцијално масло од Мента која е главна причина поради која ова масло се користи уште од дамнешни времиња во традиционалната медицина како антивоспалителен, антиреуматски и антимикробен лек. Понатаму, разладувачката арома на ова масло го прави погодно да се користи во прехрамбена индустрија посебно за чаеви и арома за кондисторска индустрија

Мента

За да се најде зависност помеѓу биоактивните компоненти на екстрактите од Мента пиперита и нивната антиоксидативна и антимикобна активност ќе бидат изведени следните анализи:

  1. Екстракција на цветовите, листовите и цело исушено и иситнето растение од Мента
  2. За определување на биоактивните компоненти од екстрактите од Мента ќе се употреби GC-FID и GC/MS
  3. За определување на антиоксидативната активност на екстрактите од Мента арвенсис ќе се користи „Trolox equivalent antiradical capacity (TEAC)“-тест со кој може да се определи процентот на обезбојување на ABTS радикалот (ABTS•+)
  4. За определување на антимикробната активност во однос на грам позитивни бактерии како Ешерихиа коли (ATCC 25922) и антифугална активност во однос на Кандида албиканс (ATCC 10231)

Калинка и гројзе

За помолошка класификација и спорeдбa на сортите калинка (Punica granatum L.), и сортите грозје, во однос на содржина на биоактивните компоненти и нивната антиоксидативна и антимикробна активност ќе бидат изведени следните активности и анализи:

  1. Собирање на материјал-плодови од сортите калинка и грозје од веќе предходно утврдени површини и локации.
  2. Ќе се произведе сок. Споредба ќе се врши на свеж, смрзнат и пастеризиран сок.
  3. pH ќе се определи со рН метар, а содржината на вкупните киселини, вкупни суви растворливи материи ќе се определуваат со волумeтриски методи.
  4. Содржината на вкупни полифеноли, антоцијани, високо и ниско молекуларни процијанидини – танини како и антиоксидативна активност со спектрофотометар со УВ-Вис детектор.
  5. Содржината на поедини шеќери и органските киселини ќе се определува по методи на Bertrand's и De Geeter I Huyghebaert.
  6. Маслото од семките од калинка и грозје ќе биде екстрахирано со Soxhlet апарат.

Галерија

Фотографии од Мента, Калинка и Гројзе направени за време на истражувањето потребно за проктот.

Луѓе кои учествуваа на проектот

  • Родена е на 25.02.1966 во Кавадарци. Основно и средно образовие има завршено во Кавадарци. Во учебната 1984/85 се запишала на Земјодексиот факултет-Скопје. 2000-докторат-Земјоделски факултет, Скопје. Наслов на докоторската дисертација: "Ефекти од одредени ампелотехнички мерки при производството на трпезно и бесемено грозје. 1994-магистратура- Земјоделски факултет, Скопје. Наслов на магистерската теза: "Споредбени испитувања на интродуцираните сорти за производство на квалитетни и врвни бели вина во Тиквешкото виногорје". 1989-дипломиран земјоделски инжењер- Земјоделски факултет, Скопје.

    Author image
    Виолета Димовска Главен истражувач-Доктор на земјоделски науки
  • Ph.D. - 2002 Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Земјоделски факултет, Катедра за зрнести и клубенести култури Растителна биотехнологија. M.Sc. - 1994 Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Земјоделски факултет, Катедра за зрнести и клубенести култури Растителна биотехнологија. B.Sc. - 1988 Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје, Земјоделски факултет, Поледелски култури

    Author image
    Љупчо Михаjлов Истражувач-Доктор на земјоделски науки
  • Родена во Куманово, Р. Македонија 28.03.1979 год. Образование: 2008-2012: Доктор на хемиски науки (Природни науки), Факултет за природни науки, Технички Универзитет Брауншвеиг, Р Германија, Институт за хемија на храна Наслов на докторска дисертација: “Polyphenolic and volatile profile of Macedonian wines and by-products” 2002-2006: Магистер на хемиски науки, Природно-математички факултет,Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје 1997-2002: Инженер по хемија, Природно-математички факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје

    Author image
    Сања Костадиновиќ Величковска Истражувач-Доктор на земјоделски науки
  • Родена во Скопје, Р. Македонија 04.11.1971 година. Образование: докторат – 2013 г. Универзитет по прехранбена технологија - Пловдив, Р.Бугарија Наслов на докторска дисертација “Изолација и селекција на автохтони квасци за производство на црвени вина од Тиквешко виногорје“ магистратура – 2008 г.факултет за Земјоделски науки и храна, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ Скопје Дипломиран инжинер агроном - факултет за Земјоделски науки и храна, Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

    Author image
    Фиданка Илиева Истражувач-Доцент
  • Доц. д-р Билјана Ковачевиќ е родена на 09.03.1974 во Штип каде што завршила основно и средно образование. Со звање дипломиран хемиски инженер се стекнува во 1999 година на Хемискиот факултет при универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје. Магистерски студии запишала на Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип на Катедрата за заштита на растенијата и животната средина каде во 2010 година успешно ја одбранува темата со наслов „Проучување на причинителот на некрозата на стеблената срж на доматот – Pseudomonas mediterranea Cattara et al., 2002, во Македонија“ и се здобива со звање магистер на земјоделски науки – заштита на растенијата. Докторските студии ги продолжува на истата катедра каде што успешно докторира во 2016 година на тема „Испитување на квалитетот на подземните води во Струмичкиот регион како важен ресурс во земјоделското производство“ и се здобива со назив доктор на земјоделски науки – фитофармација.

    Author image
    Билјана Ковачевиќ Истражувач-Доцент
  • Зорица Лелова е родена на 12.09.1991 во Кавадарци, Р Македонија. Од 2006-2010 завршува средно образование во Гимназија “Добри Даскалов” - Кавадарци, насока хемија. Од 2010-2013 дипломира на Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип, со звање Дипломиран Инжинер Агроном, Енолог. Избрана за најдобар студент со 10,00 просек. Добитник на златен инжинерски прстен од Инжинерската институција и претседателот Ѓорѓи Иванов на Р. Македонија. Од 2013 до денес е студент на магистарски студии на Универзитетот “Гоце Делчев” - Штип, насока Енологија

    Author image
    Зорица Лелова Истражувач-Студент