Traditional music culture in Stip at the end of the XIX and the beginning of the XX century
Опис на проектот:
Музичката Академија на УГД , Штип, предвидува изработка на проект за афирмирање и валоризирање на градската култура на Штип од крајот на 19 и почеток на 20 век преку неколку фази:
-
Прва фаза: теренски истражувања со однапред подготвени прашалници и водичи.
-
Втора фаза: теоретски, практични и аудио-визуелни работилници за изучување на орската, музичката и облековната култура на два општествено-културни периоди ала Турка и ала Франга, изложба на оригинални носии и фотографии кои ја отсликуваат градската култура на Штип,
-
Трета фаза: Целовечерен концерт во Центарот за култура „ Ацо Шопов„ кој ќе опфати наменски репертоар со сценски адаптации од Штипската традиционална култура.
Главна цел на проектот :
Едукативно афирмирање и валоризирање на музичката и облековната традиција на градот Штип преку соодветен мултимедијален пристап (едукативни-практични работилници, изложба и концерт)
Цели на проектот:
-
Да се презентира орската, музичката и облековната традиција на градот Штип,
-
Да се едуцира младата популација ( средношколци и студенти од градот Штип) како и останатата популација од градот, со соодветни стручни лица-предавачи од Музичката академија – Катедра за Етнокореологијата, Етномузикологијата и Народни инструменти,
-
Да се афирмира дел од Штипската традиција преку сценско-уметничка презентација (изложба и концерт)
Задачи на проектот:
-
Аудио/визуелна презентација на орски, вокално-инструментални емпириски материјали за градот Штип од теренски снимки и стручно-научни материјали од крајот на 19 и текот на 20 век. Презентацијата ќе се изведе со помош на видео прожектор;
-
Работилници со практична демонстрација и изучување на традиционални ора од градот Штип :
(Повраќаница, Калјџиското, Арнаутската, Крстачката, Потрчулка, Џанката, Клекуката, Ситното);
-
Работилници за презентирање и изучување на вокалната и инструменталната традиција на градот Штип;
-
Работилници за презентирање и изучување на облековната градска култура на Штип.
-
Едукативна изложба која ќе опфати неколку сегменти:
-
фотографии од орската, музичката и облековната култура на градот Штип од крај на 19 и прва половина на 20 век;
-
изложба на традиционални носии од градската средина во Штип со акцент на носии од два модни стила ала Турка и ала Франга
-
музички инструменти автентични за музичката традиција од градот Штип
-
реквизити за игра ( користени и во соборската и во обредната култура на населението)
-
Реализирање на концерт во времетраење од 60 минути насловен како „Некогаш во Штип...“
Целна група:
-
Средношколци од неколку училшта во градот Штип
-
Студенти од Музичката академија
-
Општа публика – заинтересирани граѓани од градот Штип
Очекувани резултати од проектот:
-
да се изучат одреден број на традиционални ора, песни и инструментални мелодии од традицијата на градот Штип кај целната група од страна на стручни лица, преку практична демонстрација и изучување на предвидените содржини,
-
да се стекнат сценско-визуелни сознанија за музичката традиција на Штип кај целната група преку работилници, изложба и концерт,
-
да се организира и реализира концерт на Ансамбл Македонија од Скопје со тематски репертоар од материјалното и духовното наследство на грдот Штип,
-
да се претстави и заштити автентичноста на орската, музичката и облековната култура во Штип од крајот на 19 и поч. на 20 век