Проучување на геолошките, морфогенетските и геоеколошките карактеристики на рудните наоѓалишта во Република Македонија (Geological, morphogenetical an

Рудните наоѓалишта во Република Македонија се истражувани и во континуитет, но најчесто и дисконтинуирано. Дисконтинуитетот најчесто се должел на оние локалности на кои концесии за детални геолошки истражувања добивале обично инострани компании чии буџети обично не биле големи, а барањата и очекувањата биле секогаш големи. Затоа честопати ни се случувало потенцијални локалитети од редот на Плавица, Иловица, Двориште, Алшар и други да бидат во еден момент на врвот на интересот на тие странски компании, а потоа брзо да бидат напуштени. Сепак, интересот за берзанските метали од редот на бакар, злато, сребро, молибден, во одредени случаеви олово и цинк и понатаму опстојува и кај домашните, а особено кај странските компании. Најголем дел од нашите традиционално потенцијални локалности истражувањата се во напредната фаза, но сепак по одредено време  тие стануваат повтроно интересни за продолжување на истражувањата. Типичен пример за тоа е локалноста Плавица-Златица во рамките на Кратовско-Злетовската вулканска област, каде истражувањата и денес интензивно се одвиваат. Мора да потенцираме дека во најголем дел од нашите потенцијални простори истражувањата не се проследени со соодветни студиски проучувања и моделирања на процесите, што е неопходна врска во современите истражувања и проучувања на рудните наоѓалишта во Светот.

Ваквите поставки беа секако и повод за изработка на еден ваков научноистражувачки проект, кој има за цел да ги одржи во кондиција современите проучувања на нашите наоѓалишта, во континуитет да бидат анимирани пред меѓународната јавност и истите да придонесат кон насочување на доистражувањата особено кон длабина. Морфогенетските модели, потоа 3D и 4D моделирањата, како и фазната примена на геохемиските и геофизичките методи претставуваат база за тие истражувања.

Динамиката на стуктуирање и операционализација на поедините фази во рамките на овој проект ќе ја прикажеме согласно приоритетите во истражувањето и проучувањето на поедините наоѓалишта и потенцијалните рудоносни локалитети на територијата на Република Македонија.

Во рамките на првиот квартал од 2017 година, нашите главни насочувања ќе бидат во компилирање, систематизирање и проучување на бекграундот на локалностите со наоѓалишта кои ќе бидат од интерес. Во оваа фаза планираме да се поврземе со компанијата Генезис Ресурси Лимитед, која активно го истражува просторот на Плавица, најнапред од аспект на злато, а потоа и од аспект на бакар и други придружни метали. Според сегашните наши сознанија тие покрај деталните истражувања на просторот на Плавица, во кој се вклучени и длабински дупчења, имаат и серијал на лабораториски испитувања и проучувања на поедини генетски моменти на овој простор. Превземањето на дел од овие податоци ќе биде наш интерес, а интерес 

ќе биде превземање и на достапни материјали од дупчотините за научни испитувања. На база на сите тие активности, планираме со нивните софтверски пакети(MapInfo, Surfer и MinPet), да извршиме 3D моделирање и да оформиме морфогенетски модел соодветен на генетското моделирање на рудоносни локалитети со висока сулфидизација.

Во рамките на динамичкото групирање на истражните активности и фазата на проучување и моделирање, ќе биде опфатен и просторот на наоѓалиштето Кадиица, во кое особено од интерес ќе ни бидат фазните проучувања на гасно-течните инклузии со сакаме на овој локалитет, генетски да повлијаеме за евентуалното дефинирање на примарните бакарни руди кои треба да бидат нешто подлабоко во однос на она што досега е докажано во Кадиичко-Буковичкиот рудоносен систем. Анализата на досегашните резултати, изработката на 3D моделот и генетското моделирање очекуваме да ни биде активност во текот на 2017 година.

Комплексните морфогенетски проучувања планираме да бидат спровдеи и на рудоносниот порфирски систем Боров Дол, каде веќе се на располагање интересни материјали од дупчењата кои се вршени на овој простор и кои поседуваат интересни проби за генетски проучувања. покрај 3D моделирањето, овде планираме да се извршат гасно-течни испитувања во кварц во асоцијација со водечките бакарни минерали, бидејќи според досегашните сознанија, тука има можност за раздвојување на средно до нискотемпературни парагенези и високотепмературни парагенези настанати на температури изнад 400°С. Ова се предизвици кои досега не сме ги третирале, а со вклучување на инострани лаборатории и истражувачи со кои традиционално имаме добри соработки, би добиле, по прв пат, важни резултати за генетското моделирање на овој објект кој подоцна веројатно ќе предизвика и интерес за доистражување на бакарните оруднувања кон длабина.

Аналогно на динамичкиот план за претходните локалности планираме подетално да се вклучиме и во проучувањето на рудоносниот локалитет Иловица, каде деталните геолошки истражувања главно се при крај, изработката на документацијата за отворање на рудникот напреднува, но проучувањата како да стагнираат. Затоа покрај прегледот на постојната документација ние планираме овде да се вклучиме во 3D моделирањето и особено на моделирањето на рудоносните процеси преку проучувањето на стабилните изотопи, во прв ред на сулфурот, бидејќи има можност на негова корелација со истите на Бучим, Боров Дол, Плавица, Скуриес и други, а потоа и на проучувањето на гасно-течните инклузии за кои исто така ќе имаме можност за корелација со горенаведените наоѓалишта, како и со истите од Кадиица. Тука изработката на еден морфоструктурен и морфогенетски модел би било од интерес, а секако најважно од сето досега речено е да се направи напор и да се оформи и една публикација која би го анимирала овој објект не само во бизнис круговите туку и во научната и стручна јавност, кај нас и во Светот.

На одредени локалитети како што се Двориште, јужните на Кожуф планина, северните и источните делови на Кратовско-Злетовската област и други се планираат активности од таканарелениот проспекциско-евалуационен циклус со цел да се потврди постоењето на 

потенцијални простори за понатамошни детални геолошки истражувања. Во оваа насока планираме да го искористиме геолошкиот бекграунд и информациите кои досега се акумилирани на овие простори и особено да се сконцентрираме на резултатите од БЛЕГ методологијата и испитувањето на стрим седиментите. Ова е една насока која е често применлива во современиот Свет, особено, лансирана од странските компании кои на територијата на Република Македонија имаат добиено концесија за проспекциски истражувања. Наша задача во рамките овој проект е да влеземе во траг на овие информации и преку нашите млади истражувачи да спроведеме евалуација на тие резултати кои ќе значат подоцна и дефинирање на простори за детални геолошки истражувања. Овде особено сме охрабрени во делот на јужните падини на Кожуф планина, на лкалностите Смрдлива Вода и Коњско, а секако интересни во оваа насока се и терените на Двориште во Источна Македонија.

Еден интересен локалитет кој од неодамна е во фокусот на дисконтуирани детални геолошки истражувања е локалитетот Петрошница, во непосредна околина на Бајловци. Геохемиските истражувања, геохемиското моделирање, потоа дефинирање на геофизичките аномалии и минералошко-петролошките испитувања се наш интерес на овој локалитет со цел да создадеме база за изработка на морфолошки модел кој би бил атрактивен и применлив за понатамошните истражувања на овој простор, кои засега се одвиваат со доза на резерва.

Геоколошките испитувања и проучувања ќе бидат наш интерес во рамките на овој проект во просторите со активна експлоатација на рудите како што се реонот на Крива Река и Славишкото Поле, Злетово и Саса со Кочанското Поле, Бучим со Дамјанското Поле и се поголемиот предизвик кој го предизвикува просторот на Иловица во однос на Струмичко Поле. Повеќе од јасно е дека активното процесирање на рудниците има негативно влијание на човековата околина и тоа како во прв налет, така и трајно преку земјоделските култури кои се произведуваат во плодните почви околу наведените простори. Освен класичното проучување на контаминентите и нивната дистрибуција во околните простори, важно во овој копус на испитувања и проучувања е и нивната дистрибуција во прехрамбените продукти. Од тој аспект испитувањата на контаминацијата на оризот, пченката, зелестите производи и друго, ќе биде од наш интерес со цел научно да се потврдат влијанијата на процесирањата на активните рудници врз непосредната човекова околина.

Во динамиката на активности сакаме да го потенцираме и нашето континуирано ангажирање на интерпретација, систематизирање и публицирање на добиените резултати во наменски списанија, како и анимирање на истите во најразлични симпозиуми, советувања и конгреси кои ќе бидат одржани во календарските 2017 и 2018 година.

Таргет при реализацијата на овој научноистражувачки проект ќе ни бидат и младите кадри кои ги работат своите магистерски трудови и докторски дисертации, со што ќе им биде овозможено пристап до некои од современите Световни лаборатории, кои ќе бидат користени при реализацијата на овој проект.

Теренски активности поврзани со предметниот проект:

          Наоѓалиште Дудица

Панорамска снимка на локалитетот Дудица На остатоците од некогашните истражни работи на наоѓалиште Дудица

           Наоѓалиште Лојане

Примероци на Аs-Sb оруднувања во наоаѓалиштето Лојане Панорамска снимка пред остатоците од хидројаловиштето на флотацијата Лојане 

           Наоѓалиште Алшар

Поглед од внатрешоста на истражниот поткоп кон надворешноста, наоаѓалиште Алшар Проучување на продуктите на алтерации во централниот дел на наоѓалиштето Алшар 

Наоѓалиште Бучим

 

а)

б)

в)

г)

Сл. а) Бучимско Езеро панорамски поглед; б) Влив во Бучимско Езеро; в) Опробување на миловитиот седимент од Бучимско Езеро; г) Изглед на опробаниот седимент од Бучимско Езеро (Рудник Бучим, Ноември-2017).  

Процес на моделирање на наоѓалиштата:

Генетски модел на формирање, наоаѓалиште Плавица Напречен профил со изглед на рудното тело, наоѓалиште Кадиица 

     

Резултати - морфогенетски проучувања преку гасно-течните инклузии:

Типови на гасно-течни инклузии во наоѓалиштето Буковик-Кадиица Температури на хомогенизација и салинитет на гасно-течните инклузии во наоѓалиштето Буковик-Кадиица

Активности поврзани со реализација на проектот во лабораториски услови на Универзитетот во Виена, Австрија:

За време на еднонеделниот престој на Институтот за кристалографија и минералогија на Универзитетот во Виена, раководителот на проектот Проф. д-р Тодор Серафимовски и Проф. д-р Горан Тасев, како еден од истражувачите на проектот вршеа лабораториски испитувања на електронска микропроба на примероци од наоѓалиштето Дудица и Лојане, како и анализи на скенинг електронски микроскоп и рендгенски дифрактометар на примероци од наоѓалиштето Лојане.

Оперирање на микросонда тип JEOL заедно со австрискиот колега Дан Топа

на примероци од наоѓалиштето Дудица

Електронска микропроба од производителот JEOL JXA 8530F при

Природно-научниот музеј во Виена, Австрија

     

Непосредни мерења на скенинг-електронски микроскоп на

примероци од наоѓалиштето Лојане

Тимска одлука со колегите од Австрија кои мерени фази да се ажурираат

на скенинг-електронскиот микроскоп