Фонетика на англискиот јазик

Цели на предметната програма (компетенции):

Збогатување на фондот на зборови, увежбување на говорниот јазик, совладување на разни фонетски  структури, совладување на разни модели на дијалекното изразување, изучување на изговорот на англискиот јазик со осврт на говорното подрачје; изучување на фонетската азбука и фонетска транскрипција; способност за перцепција и правилен изговор на гласовниот систем на англискиот јазик, особено во сегментите во кои се разликува од македонскиот јазик.

Содржина на предметната програма:

Основи на фонетиката: гласовниот систем на англискиот јазик, вокали, консонанти, дифтонзи, трифтонзи, акцент.

Предмет на проучување и задачи на фонетиката. Гранки на фонетиката. Односот на фонетиката кон други дисциплини. Основни принципи на правописот и правоговорот на англискиот стандарден јазик