Фонологија на англискиот јазик

Понатамопно развивање на способноста за перцепција и правилен изговор на гласовниот систем на англискиот јазик на понапреден степен, усвојување на разликите на основната поделба на изговорот во Британија, САД и Австралија; развивање на знаење и разбирање во областа на  основните фонетски класи, фонологија итн; способност за усвојување на основните граматички и фонетски структури во англискиот јазик и нивна правилна примена во напредниот вокабулар.

Содржина на предметната програма:

Понатамошни  принципи на правописот и правоговорот на англискиот стандарден јазик. Физиолошка фонетика: говорен апарат и образување на гласовите. Класификација на самогласките и согласките од физиолошка гледна точка. Акустична фонетика: акустични особини на гласовите воопшто, акустични особини на самогласките. Класификација на гласовите од акустична гледна точка. Квантитетот на самогласките. Позиционални и комбинирани промени на гласовите. Испуштање и додавање на гласови во зборот. Стилистичка вредност на фонетските единици.