Испитување на факторите кои влијаат врз проценката на концентрацијата и дозата од радон во училиштата

Најголем допринос во вкупната доза која ја прима населението од природни извори на радиоактивно зрачење има радонот и неговите кусоживеачки распадни продукти. Радонот може да се акумулира во затворен простор во високи концентрациии и со тоа да предизвика сериозни здравствени ефекти. После националното мерење на радон во живеалиштата во РМ, почна и втората фаза на мерење на радон во училиштата вклучувајќи го истражувањето кое ќе се спроведе како дел од овој проект. Во рамките на ова истражување ќе бидат опфатени основните училишта во три општини на РМ (Свети Николе, Пробишти и Кратово) со цел да се направи проценка на концентрациите на радон да се определи дозата која ја прима персоналот и учениците за да се анализира влијанието на факторите кои влијаат како на мерењата така и на самите концентрации (дози). Мерењата ќе се прават со комерцијално достапни широко прифатени нуклеарни трагови детектори. Ќе се анализираат две групи на резултати. Прва група добиена од детектори експонирани во период една година а друга група со период на експозиција од 3-4 месеци. Статистичката обработка и анализа треба да ја потврди значајноста на влијанието на типот на градежниот материјал од кој е направен објектот, позицијата на детекторот во просторијата како и времето на експозиција.