Пијано 1

Предметот Пијано 1 се слуша на Вокално - инструменталниот оддел и на Одделот за теорија на музиката и музичка педагогија.

Во рамките на ВИ одделот, предметот Пијано 1 опфаќа припрема и изведба на солистичка програма која се состои од композиции од различни епохи:

  1. Полифона барокна композиција - Бах, Хендл итн.
  2. Прв став од Соната од раниот класицизам - Хајдн, Моцарт, Бетовен итн.
  3. Виртуозна етида - Шопен, Лист, Менделсон итн.
На испитот по предметот Пијано 1, на ВИ одделот му предходи Колоквиум на кој е потребно да се изведе кракта композиција по слободен избор, различна од испитната програма.
Во рамките на МТП одделот, предметот Пијано 1 опфаќа припрема и изведба на програма која се изведува со можност за читање на нотниот текст и  се состои од 4 композиции од различни епохи, и тоа:
  1. Полифона барокна композиција
  2. Соната од раниот класицизам - прв став
  3. Етида
  4. Композиција по слободен избор од романтизмот до современи композиции