Предметот Пијано 6 се слуша на Вокално - инструменталниот оддел и на Одделот за теорија на музиката и музичка педагогија.
Во рамките на ВИ одделот, предметот Пијано 6 опфаќа припрема и изведба на солистичка програма која се состои од 4 композиции од различни епохи:
- Полифона барокна композиција - Бах, Хендл итн.
- Соната од - Хајдн, Моцарт, Бетовен, Прокофиев итн.
- Виртуозна етида - Шопен, Лист, Менделсон, Скрјабин, Рахмањинов итн.
- Композиција по избор од романтизмот, импресионизмот и 20-от век