Предметот Пијано 7 се слуша на Вокално - инструменталниот оддел и на Одделот за теорија на музиката и музичка педагогија (како изборен предмет).
Во рамките на ВИ одделот, предметот Пијано 7 опфаќа припрема и изведба на солистичка програма која се состои од композиции од различни епохи, и тоа:
- Полифона барокна композиција - Бах, Хендл итн.
- Соната од периодот на класицизам, романтизам, импресионизам и 20 век - Хајдн, Моцарт, Бетовен, Брамс, Прокофиев итн.
- Виртуозна етида - Шопен, Лист, Менделсон, Скрјабин, Рахмањинов итн
- Композиција по избор од периодот на класицизам, романтизам, импресионизам и 20 век