Низ територијата на Република Македонија минуваат два важни трансевропски железопатнички коридори – N8 (Исток – Запад) кои ги поврзуваат Јадранското море со Балканскиот регион и страните од Црното море и коридор N10 (Север – Југ), поврзувајќи ги страните од Западна Европа со Грција. Овие коридори се дел од програмата на Македонската влада за изградба на деловите кои недостасуваат од жп инфраструктурата на Република Македонија.
Целта на проектот е да се разработат и предложат стратегии за превоз со жп транспорт по насоките на трансевропските жп коридори N10 и N8, со цел да се осигураат и задоволат националните и меѓунардоните потреби. Хипотезите, кои ќе произлезат се тесно поврзани со завршувањето на деловите кои недостасуваат на територијата на Република Македонија.
Методите на истражување опфаќаат употреба на теоретски и експериментални оптимизациони алатки, анализа на податоци, статистичка обработка на резултати и математичко моделирање.
Добиените резултати ќе имаат научен и апликативен карактер и истите ќе можат да се применат непосредно во превозниот процес. Ќе се развие системски модел за ефективна организација на на жп превозите по трансевропските жп коридори во Р. Македонија.
Истражувањата се во следните области:
- Маркетинг истражувања на железничките превози, развој на нови технологии и системи. Разработени се технологии за оптимизација на трафикот и транспортните врски помеѓу големите градови.
- Модели за распоредување на протоците по видови транспорт. Разработени се модели за модален сплит анализа.
- Модели за оптимизирање на врските на возовите во јазолните станици и мрежни модели за синхронизирање на движењето на возовите по тој вид на график.
- Модели за прогнозирање и сегментирање на превозите.
- Усовршување на планот за композирање на патничките возови. Усовршување на графикот за движење на возовите.
Во ова истражување, во рамките на проектот, преку повеќекритериумска анализа ќе биде развиен системски модел за избор на најефикасно решение при различни стратегии за превоз (консталација од утврдени квантитативни и квалитативни критериуми и под-критериуми). Ќе бидат утврдени алатки за математичко моделирање на превозите, адаптирани кон конкретните инфраструктурни услови.
На овој начин, ќе се обезбеди формирање на експертен меѓународен тим, кој преку развиениот системски модел за оптимална организација на железничките превози, ќе биде способен да решава научни и апликативни задачи за истражување и зголемување на ефективноста на железничкиот транспорт како на територијата на Република Македонија, така и (како воведна алатка) за обезбедување интеграција со соседните држави.
За постигнување на поставената цел се неопходно следните активности:
- Анализа на состојбата на проблемот. Анализа на движењето на возовите по трансевропските железнички коридори. Оценка на состојбата на железничките превози во Р. Македонија – видови возови, подвижен состав, состојба на железничката инфраструктура. Анализа на состојбата на превозите во соседните држави, преку кои поминуваат трансевропските железнички коридори N8 и N10 и на предвидените нови линии за изградба.
- Анализа на состојбата на организацијата на движењето на возовите по железничките насоки во жп мрежата на Македонија. Анализа на внатрешните и на меѓународните превози. Определување на основните железнички рути.
- Анализа на транспортните рути. Вклучува анализа на влезните, излезните и транзитните потоци; анализа на товарните потоци по видови товари, подвижен состав и насоки; анализа на структурата на патничките потоци и побарувачката на патничките железнички услуги; анализа на транспортните потреби на населението од железнички услуги.
- Анализа на конкуренцијата со автомобилскиот транспорт по основните насоки, со цел определување на конкурентните позиции за развој;
- Модална сплит анализа за сегментирање на превозите по видови транспорт. Определување на факторите за истражување. Моделирање на превозите по видови транспорт (железнички и автомобилски) по конкурентните рути.
- Утврдување на модел за сегментирање на железничките превози. Вклучува кластерна и статистичка анализа на железничките превози, со цел да се установат и класифицираат основните железнички линии по видови превози.
- Предвидување на железничките транспортни потоци. Вклучува дефинирање на факторите, спроведување на корелациона и регресиона анализа, разработување на алтернативни решенија при различни стратегии на превоз.
- Одредување на капацитетот на железничките линии. Вклучува анализа и истражување на капацитетот по делови на железнички линии, одредување на ограничувачките услови за извршување на превозите, предвидување на капацитетот на железничките линии во зависност од промените во железничката инфраструктура.
- Одредување на основните јазлови станици при разработување на
организацијата на превозите. Испитување и оптимизирање на врските на возовите по видови превози.
- Моделирање и истражување на шеми за превоз. Вклучува разработување на варианти, избор на оптимизациони параметри, составување на оптимизационен модел за избор на ефективна технологија за превоз. Моделирање на шемите за превоз ќе биде поврзано со отчитување на промените во железничката инфраструктура, сообразно новите делови од железничките коридори.
- Оценка на алтернативните решенија за превоз. Вклучува повеќекритериумска анализа, избор на целесообразна организација на превозите по жп транспорт по избран оптимизационен критериум; оценка на организацијата на железничкиот превоз.
- Оценка на резултатите од приложените алтернативи за превоз. Вклучува анализа на ризик при различни трафик сценарија на превоз и обеми на железнички потоци.
- Апробација на разработените модели. Развиениот системски модел ќе биде верифициран во виртуелна програмска околина преку соодтветни сценарија на организација на превозите за основните насоки на железничката мрежа на Р. Македонија. Ќе бидат предложени рути на ефективна организација на превозите, и соодветно навлегување во експлоатација на новите железнички делови од трансевропските коридори во Р. Македонија.
Очекувани резултати
За спроведување на соодветни истражувања е неопходно да се разработат редица специјализирани методики, кои се сообразни со крајните цели и структурата на транспортниот систем. Основните цели поставени во проектот ќе се реализираат преку развој на системски модел базиран на повеќекритериумска оптимизациона методологија и примена на хеуристички алатки.
Во современиот свет на глобалната економија од особена важност е заштита на резултатите од научните истражувања. Осознавајќи ја важноста на проблемот за разработување на ефективна организација на движењето на возовите, тимот на секоја иден чекор од пристапот ќе реализира активности на заштита за развиени производи. Објекти на заштита ќе бидат специјализираните методики и примената на софтверските производи. Поради важноста и приоритетноста на резултатите од научното истражување се предвидува да се искористат можните форми на заштита на интелектуалната сопственост како публикации, и др.