Опис на предметот
Криминологијата е посебна наука, од општествените науки, која своето место го наоѓа кај правните, односно кривично – правните науки, и покрај постојаната дилема за нејзината припадност на социолошките или правните науки.
Како теоретска и емпириска наука, врши постојано систематизирано следење на криминалитетот како општествена појава, со што успешно ги поставува насоките за негово превенирање и сузбивање.
Преку проучување на криминологијата, студентите се здобиваат со подробни и поопсежни познавања за престапниците, престапот, за негативното социјално значење и контролата на ваквото однесување.
Самата поделба која ја има криминологијата во себе, условува потреба од посебно проучување на феноменологијата, етиологијата и виктимологијата на криминалитетот, со сите нивни својства. Затоа, освен почетните проучувања за науката, посебно се задржуваме на овие делови од криминологијата, за да можеме да стигнеме до она кое значи криминална прогноза, а со тоа и проучување на механизмите за превенирање и сузбивање на криминалитетот.