Анализираме распределба на енергија во интерактивен систем тло- темел-објект за произволен агол на влез на сеизмички бран во моделот. Анализата e спроведена со користење на нумеричка симулација на браново ширење. Во нашите истражувања, користиме дводимензионални математички модели на систем тло-темел-објект. Претпоставка е дека објектот е линеарен, додека тлото и темелот може да претрпат нелинеарни деформации. Влезната побуда е во форма на полусинусоиден пулс. Менувајќи ги параметрите кои влијаат на распределбата на енергија во системот, ќе истражуваме како влезната сеизмичка енергија се распределува во системот. Влезната сеизмичка енергија во системот се трансформира во: (1) работа за креирање и развивање на пластични деформации, (2) енергија која се расфрлува по удар на бранот во темелот, (3) енергија која се расфрлува по удар на бранот во контактот темел-објект, (4) енергија која влегува во објектот. Од посебна важност е да разбереме кое количество на енергија влегува во објектот и кој дел од оваа енергија е поради транслација, а кој поради извивање на објектот. Очекуваме дека резултатите од ова истражување ќе помогнат да разбереме зошто стандардните згради лоцирани на тла кои трпат големи нелинеарни деформации се помалку
оштетени отколку оние на тла со мали деформации на тлото.
Објавени трудови:
1. Translation,torsion,and wave excitation of a building during soil–structure interaction excited by an earthquake SH pulse
http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0267726115001219
2. Two-dimensional translation,rocking,and waves in a building during soil-structure interaction excited by a plane earthquake SV-wave pulse
http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0267726116300495
3. Two-dimensional translation,rocking,and waves in a building during soil structure interaction excited by a plane earthquake P-wave pulse
http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0267726116000075
4. Data processing of displacements between the ground and the point of cracking at the seven – story Van Nuys Hotel