The role and significance of the state attorney's office in the justice system of the Republic of Macedonia
Целта на истражувањето е да дојде до сознанија и заклучоци за тоа дали и во колкав обем и квалитет државното правобранителство е соодветен механизам кој може да пружи соодветна заштита на имотните интереси на државата. Целта поконкретно е да се види дали постои потреба од реорганизација, јакнење на улогата и зголемување на капацитетот и квалитетот на работата на Државното правобранителство на Р. Македонија, кои се причини за евентуалното постоење на ваква потреба и што може да се направи de lege ferenda . Истражувањето ќе се реализира во временска рамка од две години во три од вкупни 15 седишта на државното правобранителство и тоа во Штип, Кочани и Струмица за да се опфати поконкретно штипското апелационо подрачје.