Основи на дизајн

Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со основите на модата и модниот дизајн како многу актуелен медиум на изразување во областа на дизајнот.

Содржина на предметната програма:

Ќе се изучуваат повеќе главни аспекти од модниот дизајн со запознавање на различните вештини потребни за тој вид на дизајн. Особен акцент ќе биде ставен на стиловите и развојот на модата во дваесетиот век и анализа на познатите дизајнерски куќи и имиња. Воедно, ќе се учат процесите во денешната модна индустрија и начинот на функционирање во ланецот на истата – конфекција, висока мода, модни додатоци, модни трендови и влијанија, модни центри и сл. Во склоп на предметот ќе биде посветено внимание и на авангардните појави во модниот дизајн, експерименталната мода и модата како уметност.


Задолжителна Литература:
Индустриски дизајн - Катерина Деспот - рецензирана скрипта - УГД.

Основи на дизајнот - Јордан Ефремов - Интерна скрипта

Jen Jones - Fashion Design: The Art of Style - Издавач: Capstone press. - 2007

Elizabeth Bye - Fashion Design - Издавач: Berg - 2010.

Дополнителна литература: 

Kate Fletcher - Sustainable fashion and textiles: design journeys - Издавач: Eartscan, UK - 2008

Semester: 

Winter

Offered: 

2017