Цели на предметната програма (компетенции):
Целите на предметот е студентите да се запознаат и да ги совладаат основните ликовни елементи и принципи во ликовната уметност и во дизајнот. Запознавање со историските но и со современите токови и движења во уметноста и дизајнот. Осознавање на нивните заеднички вредности и принципи, како и одредените разлики помеѓу нив. Осознавање на процесот на создавање на едно уметничко дело, според сите најзначајни принципи кои постојат во ликовната уметност и во дизајнот.
Содржина на предметната програма:
Теоретска настава: Вовед во ликовната уметност и во дизајнот. Основни елементи и принципи на ликовната уметност и на дизајнот. Основни принципи на визуелното и на Гешталт психологијата.Настанување и развој на ликовната уметност и дизајнот. Заеднички нивни карактеристики при користењето на елементите и принципите на уметноста и дизајнот, како и нивните разлики. Современите движења во уметноста и дизајнот и користењето на современите технологии и новите медиуми.
Детално разработена содржина со наслови на предавања:
- Вовед во историја на уметноста.
- Краток осврт на историјата на уметноста уште од палеолитот и мезолитот на подрачјето на Блискиот Исток и Северна Африка. Уметноста на Неолитот на подрачјето на Европа, на Блискиот Исток и Севрна Африка.
- Уметноста на стариот Египет. Уметноста на стара Грција, класичен период. Архитектура и скулптура. Римска уметност.
- Средновековна уметност. Уметноста во Романиката и Готиката. Уметноста во Ренесансата.
- Вовед во современата уметност, почетоци и појава на современата уметност. Појава и развој на првиот модерен правец Импресионизмот. Развој на уметничките правци како што се:Постимпресионизам, Експресионизам, Енформел и апстрактен Импресионизам, Фовизам, Кубизам.
- Поп арт како модеран правец во ликовната уметност. Претставници на Поп артот во САД.
- Карактеристики на концептуалната уметност(разчленувањето на објектот и воведување на поимот за нематеријалното, како и уметничкото однесување во сферата на разговори за уметноста. Концетуална уметност – основни принципи и претставници. Germano Celant i Arte povera. Претставници на сиромашната уметност и примери на нивната уметничка активност.
- Постмодернизам (трансавангарда, анахронизам, нивоит барок, new image, нов експресионизам) Martin Kippenberger. Карактеристики и аспекти на уметничко делување.
- Нова геометрија, нов концептуализам, пост Поп – арт. Влијание на постмодернизмот врз уметноста во 80 - тите години Македонија.
- Уметноста во Европа од 1990 до 2014/15 година.
- Уметноста во Македонија од 1990 до 2014/15 година.
- Влијанието на современата уметност врз развојот на видовите на применета уметност. Врз развојот на модата, на модниот дизајн, на графичкиот дизајн, на индустрискиот дизајн.
Методи на учење: предавања, практични вежби(цртање, проектирање, дизајн), аудиторски вежби, семинарска работа, тимска работа, консултации.
Задолжителна литература:
Интерна скрипта - Современа уметност и дизајн - Јордан Ефремов
H. H. Arnason - Istorija moderne umetnosti - Издавач: Jugoslavija - 1975
група автори - Opća istorija umetnosti - Издавач: Mozaik knjiga 2006
M. Šuvaković - Pojmovnik moderne i postmoderne likovne umjetnosti i teorije posle 1950 - Издавач:SANU i Prometej, Beograd i Novi Sad - 1999.
Дополнителна литература:
D. Hopkins - After Modern Art 1945-2000- Издавач: Oxford University Press, USA - 2000