Техники на цртање

Цели на предметната програма (компетенции):

 Оспособување на студентите за цртање и студирање на човековите силуети како и првите модни решенија од хартиени материјали. Запознавање со анатомијата и функционирањето на човековото тело во мирување и во движење.

Содржина на предметната програма:

Цртање и студирање на човековите силуети: линија, маса, волумен, како и односите на светло и сенка. Цртање и студирање на основни и модни фигури. Студентите ги студираат и ги цртаат човековите силуети како и првите модни решенија од хартиени материјали, важност на запознавање на анатомијата и функционирањето на човековото тело во движење. Цртање и студирање на човековото тело за моден аспект. Цртање на основна машка и женска фигура од 8(осум )глави. Цртање на модна фигура од 8,5 глави. Цртање на модна фигура од 10 глави. Испитување и цртање темелни модни силуети. Континуирано истражување на нови силуети. Развивање на креативниот дух за самостојни и индивидуални дизајнери.

Се црта по зададен модел скица, анализа на скиците, анализа на поза (став), стоечки фигури, седечки фигури и лежечки фигури, детали глава со врат, рака и дланка, нога и стапало, торзо. Изработка на скици по зададените модели. Оспособување за самостојна опсервација на зададени проекти, движења, форми, стилизирање на човековиот лик.

Детално разработена содржина со наслови на предавања:


1. Вовед во ликовната уметност - поделба на ликовната уметност на ликовни дисциплини и подрачја.

4. Поврзаност на цртежот со другите ликовни дисциплини

3. Ликовни елементи и ликовни принципи

4. Линија како основен ликовен елемент во цртежот

5. Форма, Волумен, Моделација – тонски цртеж, Техники на засенчување со линии

 6. Цртање на мртва природа

 7. Цртање и сликање на пејсаж

 8. Цртање на портрет

 9. Цртање на човечка фигура

10.Цртање на модна фигура од 10 глави

11.Цртање на стилизирана модна фигура од 12 глави

12. Цртачки и сликарски техники

Методи на учење: предавања, вежби (цртање и сликање), аудиторски вежби, семинарска работа, тимска работа, консултации.

Задолжителна литература

Рецензирана скрипта „Техники на цртање“ - Доц. м-р Јордан Ефремов

Nedjeljko Magjer - Umijeђe crtanja - Издавач: August Cesarec – Zagreb - 2001.

Cornelia H. Butler Afterimage: - Drawing Through Process Издавач: The MIT Press 1999

Модна фигура - Лидија Станковиќ.

Дополнителна литература:

Miroslav Huzjak - Likovni elementi

Павле Васић - Увод у Ликовне Уметности -Издавач:  Народна Књига, Београд

Laura Hoptman - Drawing Now: Eight Propositions - Издавач: The Museum of Modern Art, New York - 2002.

Semester: 

Winter

Offered: 

2017