Предметна програма, Аналитичка хемија, 2-семестар, Текстилно инженерство; Текстил, дизајн и менаџмент; Нови технологии и материјали

Прилог бр.3

Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии

 

Наслов на наставниот предмет

 Аналитичка хемија

 

Код

 

 

Студиска програма

Текстилно инженерство

 

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Технолошко-технички факултет

 

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

 

Академска година / семестар

Прва година  / II сем

7.

Број на ЕКТС кредити

4

 

Наставник

Доц. д-р Киро Мојсов

 

Предуслови за запишување на предметот

 

 

Цели на предметната програма (компетенции): Студентите да добијат основни теоретски и практични знаења од хемиски реакции значајни за квалитативна и квантитативна анализа.

 

Содржина на предметната програма:  Улога на аналитичката хемија во науката, Поделба на аналитичката хемија, Карактеристични својства на супстанциите во квалитативната и квантитативната анализа, Поделба на аналитичките методи, Хемиска рамнотежа, Закон за дејство на масите, Рамнотежни константи на хемиските реакции, Фактори кои влијаат на хемиската рамнотежа, Раствори, Дисперзни системи, Поделба на дисперзните системи према големината на дисперзираните честички, Поделба на растворите према агрегатната состојба, Процес на растворање, Пример на растворање на NaCl, Солватација, Рамнотежен процес на растворање

Поделба на растворите по содржината на растворена супстанца, Растворливост, Изразување на составот на раствори, Масен удел на супстанца В во раствор, ω (В), Масена концентрација на супстанца В во раствор, ρ (В), Количинска концентрација на супстанца В во раствор, с (В), или моларност, М, Молалитет на супстанца В во раствор, b (B) или молалност, m, Разблажување на раствор со познат состав, Мешање на два раствора со познати состави, Фактори кои влијаат на растворливоста, Својства на разблажени раствори, Дифузија, Осмоза, Осмотски притисок, Колигативни својства на разблажени раствори, Намалување на напонот на пареа на растворот, Намалување на точката на мрзнење и зголемување на точката на вриење на растворот, Криоскопија, Ебулиоскопија, Електролити, Електролитна дисоцијација, Степен на електролитна дисоцијација, Колигативни својства на раствори на електролити (Vanˊnt Hoff-ов фактор на корекција I ), Arrhenius-ова теорија на киселини и бази, Arrhenius-ова теорија на реакција на неутрализација, Brӧnsted-Lowry-ева теорија, Lewis-ова теорија на киселини и бази, Јачини на киселини и бази, Константа на дисоцијација, Автојонизација на вода, Јонски производ на вода, pH и pOH, Хидролиза (протолиза) на соли, Пуфери, Пуферски системи и нивно дејство, Пуферски капацитет, Колоидни системи, Поделба на колоидите, Класични методи на квантитативна анализа, Гравиметриски методи на анализа, Таложни методи, Физички особини на талогот, Колоидни особини на талогот, Кристални талози, Онечистување на талозите, Адсорпција, Оклузија, Инклузија, Дополнително таложење, Стареење на талогот, Филтрирање и промивање на талогот, Сушење и жарење на талогот, Мерење и пресметување во гравиметријата, Волуметриски методи на анализа.

 

Offered: 

2017