суицидални идеи
Clinically relevant risk factors for suicide: Comparison between clinical group with passive suicidal ideation, active suicidal ideation and without suicidal ideation
Вовед:Во изминатите години, истражувачите и клиничарите не ги третираат пасивните суицидални идеи како клинички релевантен ризик фактор за суицид, потценувајќи ја при ова силината на желбата да се умре, споредбено со правењето план за суицид, кај индивидуи кај кои се присутни активни суицидални идеи. Оваа истражувачка студија е клиничка проспективна, крос- секвенциона но, истовремено и делумно ретроспективна, бидејќи вклучува варијабли и од минатото, како на пример, податоци од историјата на пациентите (број на суицидални обиди, стресни животни настани итн.).
Цели на проектот: истражување на разликите и сличностите помеѓу три групи депресивно болни испитаници: со пасивни суицидални идеи; активни суицидални идеи и без суицидални идеи, во однос на одредени клинички релевантни ризик фактори за суицид (депресија, суицидални идеи, безнадежност, негативни животни настани, суицидални обиди). Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на пасивните суицидални идеи.
Примерок и психолошки инструменти: Првиот емпириски дел од овој проект ќе биде пилот истражување за валидација на инструментите на неклинички примерок, на возраст од 19-65 години, додека вториот дел од емпириското истражување е главното истражување кое ќе биде спроведено на 200 испитаници, на возраст од 19-65 години, со дијагностицирана голема депресија (MDD) во Клиничка болница, Штип и Градска болница 8 ми Септември, Скопје, во периодот од 2015-2017 година. За операционализирање на главните варијабли (депресија, суицидални идеи, безнадежност, негативни животни настани, суицидални обиди) ќе бидат користени сет на психолошки инструменти, кои не се користени досега во Р.Македонија.Ќе формираме примерок на 3 групи на депресивно болни, кои подоцна ќе ги споредуваме: со пасивни суицидални идеи; со активни суицидални идеи и без суицидални идеи.
Во рамки на проектот, во периодот од 2015-2017 година ќе биде спроведено и истражување и на Одделението за Максилофацијална хирургија, Клиничка болница, Штип.
Очекувани резултати:Постои значајна поврзаност помеѓу суицидалните идеи (пасивни и активни суицидални идеи), безнадежност, негативни животни настани, суицидалните обиди, и депресијата. Постои значајна поврзаност помеѓу негативните животни настани, суицидалните обиди и суицидалните идеи. Се очекува дека групата со активни, пасивни и групата без суицидални идеи, значајно ќе се разликуваат помеѓу себе во однос на суицидалните идеи, безнадежноста, негативните животни настани, депресивноста и суицидалните обиди. Суицидалните идеи (пасивни и активни суицидални идеи), безнадежноста, негативни животни настани, и депресијата се значајни предиктори за суицидалните обиди.
Главен истражувач и раководител :
Проф. д-р Ленче Милошева, ред. проф. на ФМН, УГД
Катедра за психијатрија и клиничка психологија
Истражувачи:
Prof. Pim Cuijpers, Ph.D., full prof., Head of Department of Clinical Psychology, Vrije University of Amsterdam
Проф. Сашо Стојчев, ред. проф. на Медицински фак., УКИМ и директор на ГБО „ 8-ми Септември“ , Скопје
Prof. Gunter Niklewski,ред. проф. на Приватен Медицински Универзитет Парацелзус, Нирнберг, Германија и мед. менаџер на Клинички центар во Нирнберг
Проф. Кнегиња Рихтер, вонр. проф. на ФМН и ред. проф. на Универзитетот Георг Симон, Нирнберг, Германија
Доц. Светлана Јовевска, доцент на ФМН, УГД
Млади истражувачи:
Асс. д-р Роза Арсова, асистент на ФМН и Клиничка болница, Штип
Асс. д-р Александар Серафимов, асистент на ФМН и Клиничка болница, Штип