Шекспир и англиска ренесансна драма

Цели на предметната програма (компетенции): Во рамките на предметот Шекспир и англиската ренесансна драма се изучува драмското дело на Вилијам Шекспир, еден од најзначајните драмски автори во светски рамки, во чии текстови англискиот јазик ги достигнува своите врвови, а со тоа студентите се запознаваат со областа позната во англистичките студии во светот како Shakespearean Studies. - здобивање со литературно-теоретски компетенции на повисоко ниво - способност за воспоставување корелација со предметните содржини од претходно проучуваната материја од областа на книжевноста и културолошкиот контекст на дадениот период - способност за анализа, синтеза и парафраза на корпус драмски текстови од Вилијам Шекспир и воспоставување на корелација помеѓу оваа област на проучување и современата британска драма, со посебен акцент врз културолошкиот контекст

Содржина на предметната програма: Предметот го опфаќа проучувањето на избор од драмите, сонетите и наративните поеми на овој драмски писател,како и на културолошкиот контекст во којшто тој ги создавал своите дела. Во тие рамки,особено внимание се обрнува на материјалните податоци за неговиот живот, неговата театарска трупа, на хронологијата на драмите и рецепцијата на неговото творештво во Македонија, како и на јазикот и поетскиот дискурс. Во рамките на вториот дел од програмата (осми семестар), преку текстови од современата британска драма инспирирани од Шекспир, се воспоставува врска со современата книжевност и се потврдува неговата релевантност.
Методи на учење: предавања, вежби, консултации Вкупен расположив фонд на време: 120 часови 
Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 2 + 1 + 1
  • Предавања: 1 х 12 = 12
  • Вежби: 1 х 12 = 12
  • Друга форма на активности: 1 х 96 = 96

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 12 часови
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 12 часови

Други форми на активности

  • Проектни задачи: /
  • Самостојни задачи: 1 час
  • Домашно учење: /

Начин на оценување:

  • Тестови: 40+30 бодови
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови
  • Активност и учество: 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F)
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)

Услов за потпис и полагање на завршен испит: 60% успех од сите предиспитни активности, т.е. минимум 42 бодови од двата колоквиуми, семинарската работа, редовноста на предавања и вежби 
Јазик на кој се изведува наставата: Англиски јазик Метод на следење на квалитетот на наставата: Придружна евалуација на студентите и самоевалуација
Литература

Задолжителна литература 1. Wells, Stanley & Taylor, Gary, eds William Shakespeare: The Complete Works Oxford: Claredon Press-1986

2. Harrison, G.B. Introducing Shakespeare London: Penguin-1991

3. Bevington, David, ed. The Complete Works of Shakespeare. Glenview, Ill Scott, Foresman & Co.-1980

Дополнителна литература 1. Wells, Stanley, ed. The Cambridge Companion to Shakespeare Studies Cambridge: Cambridge University Press-1986 2. Acheson, James., ed. British and Irish Drama since 1960. New York: St. Martin’s Press-1993