CV

Доц.д-р Каролина Блажевска Бужаровска е родена 1962 година во Скопје. Дипломира на Медицинскиот Факултет во Скопје, 1986 год., магистрира во 2001 год., а докторира во областа на хирургија на глауком во 2009 год. Од 2011 год. е доцент на Универзитетот Гоце Делчев. Има учествувано на повеќе меѓународни конгреси по Офталмологија. Има и неколку стручни престои во странство, во Лондон 1999 год. во Morfilds Очна Болница, Институт за глауком во Париз и др. Како едукатор во областа на глаукомот и катарактата има одржано предавања во повеќе градови во Македонија. Шеф е на Одделението за глауком на Клиниката за Очни болести во Скопје, како и Генерален секретар на Здружението на офталмолози на Македонија.