CV

Од ДАНИЈЕЛА ЈАНИЌЕВИЌ ИВАНОВСКА родена на 03. 10. 1968 година во Скопје. Имам завршено основно образование во основното училиште “Ј. Х. Песталоци” во 1982 година. Моето школување го продолжувам во средното насочено училиште “ Oрце Николов” , а трета и четврта година од средното образование го завршувам во “ Никола Карев” со биотехнолошка насока каде и матурирам во 1986 година. Своето образование го продолжувам на Природно – Математички Факултет во Скопје, биохемиско-физиолошка насока. Факултетот го завршувам во предвидениот временски рок 1990 година каде се здобивам со диплома.

Од октомври 1991 година започнувам да волонтирам во лабораторијата на Клиниката за Нервни и Душевни болести при Клиничкиот центар - Скопје. Првото мое решение за работен однос го добивам на Институтот за Клиничка биохемија, Клинички центар - Скопје, во април 1996 година. Поради проширување на моите знаења во областа на биохемијата, истата година се запишувам на поздипломски студии на Природно – Математичкиот Факултет во Скопје. Во 1999 година го одбранив магистерскиот труд под наслов: “ЗНАЧЕЊЕТО НА АНГИОТЕНЗИНКОНВЕРТИНГ ЕНЗИМОТ (АЦЕ) ВО ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОСТИКА НА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА”.

На 11.06.2010 година, се стекнав со научен степен Доктор на биолошки науки, од областа на клиничка биохемија, под наслов “Влијанието на метадонот врз катехоламинските метаболити кај хероинските зависници во Rепублика Македонија”.

Од 20111 година избрана сум како насловен доцент на Медицинскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип од областа на клиничка биохемија каде активно сум вклучена во предавања.

Имам познавање од англиски и германски јазик.

Во моментов, работам како раководител на одделот за глуциден статус  во Универзитетската Клиника за клиничка биохемија при Медицинскиот факултет во Скопје, а воедно го водам и отсекот за витамини и хормони. Активно учествував до 2009 година во водењето на вежби на студентите од фармација по предметот Клиничка биохемија, како и на дел од вежбите на студентите по медицина.

Во 2016 година, избрана сум во звање вонреден професор за наставнонаучната област од Клиничка биохемија.