CV

Гоце Стефанов е роден на 14.09.1963 година во Неготино. Основно и средно училиште завршил во радовиш. Високо образование завршил на електротехничкиот факултет во скопје во 1989 година на насоката електроника и телекомуникации. Постдипломските студии по електроника на електротехничкиот факултет во Скопје ги завршил 1999 година со одбрана на магистерската тема со наслов „Електронски систем за управување со функциите на хидрауличен багер“.

Докторирал на факултетот за електротехника и информациони технологии во скопје во 2014 година, со одбрана на докторската дисертација со наслов „Резонантен преобразувач за индукционо загревање на метали со подобрување на коефициентот на полезно дејство.

Гоце Стефанов работи во рудникот Бучим од 1989 во службата за електроника. во периодот 1989-2008 за потребите на рудникот теориски и практично има реализирано повеќе уреди од енергетската електроника и компју­тер­ската техника.

Од мај 2009 година е вработен како асистент на универзитетот Гоце Делчев во Штип, а во ноември 2014 година е избран за доцент на истиот универзитет.

Има објавено 36 труда на меѓународни научни конференции, 17 труда во меѓународни научни списанија и три труда во меѓународни научни списанија со фактор на влијание.

Автор е на повеќе електронски уреди  претставени на меѓународни технички изложби за кои е и награден.