ПРОФ. Д-Р ЛЕНЧЕ МИЛОШЕВА
Редовен професор на Факултет за медицински науки, Катедра за невропсихијатрија и клиничка психологија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (области : Mедицинска и клиничка психологија; Психопатологија и Психотерапија).
Клинички психолог и сертифициран РЕБТ & КБТ психотерпевт, диплома и Associate Fellow at Albert Ellis Institute, New York, USA; Европски акредитиран КБТ психотерапевт (European Association for Behavioral and Cognitive Therapy), Европски сертифициран ЕМДР практичар (European Association ЕMDR).
Носител на Национален сертификат за психотерапевт од Сојуз на друштво на психотерапевти на Србија (Serbian Union of Association for Psychotherapy); Посебна лиценца за обавување на психолошка дејност во здравство и посебна лиценца за психотерапија (Комора на психолози на Македонија).
Континуирана едукација во нови РЕБТ и КБТ психотерапевтски правци и модули: Шема терапија, Дијалектичка бихејвиорална терапија. Напредна невропсихолошка дијагностика и неуроимиџинг; Системска и семејна психотерапија, Школа за системска и семејна пракса. Актуелно, усовршување во најсовремени модули на КБТ психотерапија на Beck Institute for Cognitive and Behavior Therapy, Pennsylvania, USA.
Долгогодишно клиничко искуство на Одд. за психијатрија и неврологија, Воена болница, Скопје и клинички усовршувања на Универзитетска Клиника за психијатрија и психотерапија, Нирнберг, Германија; LAPIS (Laboratory for Anxiety, Phobia & Internalizing Disorder Studies), Baton Rouge, USA. Дополнително ангажирана како консултант-експерт во Неуромедика, Скопје.
2009 -2015, Втори докторски студии од клиничка психологија, психопатологија и психотерапија, Доктор по психолошки науки, Универзитет во Белград. Втора докторска дисертација со тема: „Фактори на ризик за појава на депресија во адолесценција од аголот на трансакционен стрес модел на когнитивна вулнерабилност“ .
Научни студиски престои и усовршувања на универзитетите во : Батон Руж, Белград, Копенхаген, Лувен, Рим, Марибор, Самара, Загреб, Нирнберг, Бамберг, Њујорк.
Над 100 научни трудови објавени во референтни научни списанија; автор на учебници и научни монографии; стручен редактор на научни книги, раководител и учесник во научни проекти.
2007-JFDP Alumnа, Постдокторско усовршување во САД, Визитинг професор на Louisiana State University, Baton Rouge , Клиничка психологија и развојна психологија и психопатологија
2002- Доктор на психолошки науки, (прва докторска дисертација ) Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Додипломски и постдипломски студии од психологија и применета психологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Раководно искуство и дополнително образование:
Проректор за настава, УГД, Штип, 2007-2009
Советник за наука и научна соработка на Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, 2018-2020
Раководител на докторски студии по Невронауки, Факултет за медицински науки, УГД-тековно
Раководител на Катедра за невропсихијатрија и клиничка психологија, Факултет за медицински науки, УГД-тековно
Постдипломско образование од маркетинг и менаџмент, Економски факултет, УКИМ, Скопје (втори постдипломски студии)
Сертификат за организационен когнитивно -бихејвиорален коучинг на Windy Dryden
Раководител, консултант и учесник на национални и интернационални научни проекти; Претставник на Универзитет„ Гоце Делчев“ Штип во EUA-CDE
Независен експерт на Европска Комисија за евалуација на COST научни проекти
Национално стручно контакт лице за програмата Widening participation and ERA (HORIZON, Europe)
Национално стручно контакт лице на Светска Здравствена Организација (WHO) за ментално здравје
Член на Национална комисија за унапредување на ментално здравје
Член на Национална работна група за изработка на Закон за научно истражувачка дејност, МОН