Дел од организацискиот одбор на Работилница на тема „Развој на национална рамка за сајбер одбрана“, која на ден 26. 02.2019 година се одржа во просториите на Домот на армијата. Активноста беше во организација на Воената академија и Министерството за одбрана, а со поддршка на Центарот за демократска контрола на вооружените сили (DCAF) од Женева, како дел од нивниот проект “Enhancing Cybersecurity Governance in the Western Balkans“. На работилницата учествуваа претставници од Министерството за одбрана, Воената академија и Армијата, како и претставници од сите релевантни институции (јавен, приватен и невладин сектор и академската заедница) од државата.