AВТОБИОГРАФИЈА
На Вон.Проф.Др.Страхил Газепов од Штип . роден 06.10.1967 во Радовиш Република Македонија.
Завршил основно образование во Радовиш 1982
Средно медицинско училиште 1986 год.во Штип.Студира на Медицински факултет од 1988-1994 на Универитет Св.Кирил и Методи во Скопје.
Специјализира Офталмологија на Клиниката за очни болести во Скопје и после 2002година работи како офталмолог во Клиничката болница Штип.
Докторира во јануари 2015 година на Воено медицинската академија, на катедрата по Очни болести во Софија.
Избран и за Доцент на Медицинскиот факултет при Универзитет Гоце Делчев во Штип во јануари 2016
За својата работа е наградуван повеке пати како и од Македонското лекарско друштво и од Министерството за Здравство на Р.Македонија.
Во 2021 год е избран за вонреден Професор на Медицинскиот факултет при УГД Штип.
Од многубројниот стручен опус може да се издвојат околу 70 научни трудови објавени во Мегународни релевантни часописи.Ментор е на 6 специјализанти по Офталмолофија и на повеке од 20 дипломци.Во моментот e ментор на тројца докторанти на програмата за докторски студии по Офталмологија на Медицинскиот факултет при УГД Штип.
Автор е на две објавени стручни книги и тоа Офталмолошки и оптички инструменти и Процеси при изработка на офталмолоски помагала.
Целиот стручен опус јавно е достапен на Репозиториумот при УГД и во Е библиотека при УГД.
Во исто време активно зама учество во Акредитацијата на болничките капацитети во Македонија како независен лиценциран Акредитатор.
Работи и за министерството за правда и бирото за судски вештечења на предмети од областа на Офталмологија каде е овластено вешто лице.
Во моментот работи на Очното оделение при клиничната болница во Штип и е наставник на Медицинскиот факултет при Универзитет Гоце Делчев во Штип
Оженет и татко на две деца.