Д-р Зоран Наков е доктор на фармацевтски науки од областа на фармакоекономијата и регулатива на лекови. Дипломира во 2002 година на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и магистрира во 2013 во областа фармакоекономија и здравствен менаџмент во делот на менаџирање со ланец на набавки во фармацевтска индустрија. Во 2019 година на истиот факултет ја брани својата докторска дисертација со тема: Регулаторна стратегија за лекови за ретки болести и проценка на квалитет на живот во однос на здравјето кај пациентите со цистична фиброза во Република Северна Македонија. Во 2022 година е избран за наставник во звање насловен доцент за наставно-научната област Фармакоекономија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” Штип. Автор е на повеќе научни трудови од областа на фармакоекономијата и здравствениот менаџмент објавени во реномирани списанија.
Д-р Зоран Наков има долгогодишно работно искуство во домашни и странски фармацевтски компании. Своето работно искуство го започнува во домашна генеричка фармацевтска компанија, а понатаму продолжува во оригинаторни странски фармацевтски компании. Во моментот е во редовен работен однос во Ново Нордиск Фарма ДООЕЛ Скопје на позиција постар менаџер за клучни клиенти за дијабетес и ретки болести. Целото работно искуство е во делот на маркетинг и продажба на финални фармацевтски производи. Има активно и пасивно учество на бројни национални и интернационални конгреси, самити, симпозиуми и самити од областа на ендокринологијата, дијабетологијата и ретките болести.