КРАТКА БИОГРАФИЈА
на д-р РОДНА ВЕЛИЧКОВСКА
Д-р Родна Величковска родена е на 20.2.1955 година во с. Горобинци, Св. Николе, Република Македонија. Основното образование го завршила во родното место. По завршувањето на средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“, на Инструменталниот отсек - флејта (1975) во Скопје, се запишала на Факултетот за музичка уметност во Скопје на Инструменталниот отсек - флејта и дипломирала (1979 година). Постдипломски студии завршила во Белград, на Факултетот за музичка уметност, на Катедрата за музикологија и етномузикологија, на тема „Жетварското пеење во Македонија“, под менторство на проф. д-р Димитрије О. Големовиќ. Исто така, на Факултетот за музичка уметност, при Универзитетот за уметност (Катедрата за музикологија и етномузикологија) во Белград на 20.12.2006 година под менторство на проф. др Димитрија О. Големовиќ ја одбранила докторската дисертација, под наслов: „Музички дијалекти во македонското традиционално народно пеење - обредно пеење“, која претставува пример за систематична етномузиколошка студија во која се разгледува широк круг на прашање значајни како за донесување заклучоци за народното пеење на Македонија, така и пошироко - за балканското народно пеење.
Д-р Родна Величковска во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје работи од 1980 година, најпрвин како стручен соработник - мелограф на вокалната народна музика во Одделот за народна музика до 2000 година, кога е избрана во звањето асистент за работното место истражувач на вокалната народна музика, а во 2004 година е преизбрана во истото звање. Во 2007 година е избрана во звањето Научен соработник. Во 2010 година во звањето Виш научен соработник за работното место Истражувач на вокалната народна музика, а во 2013 избрана е во звањето Научен советник за работното место Истражувач на вокалната народна музика.
Наставно-образовна дејност
Од учебната 2008/2009 е наставник на постдипломските и докторските студии по фолклористика во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје, по предметите: Духовна култура (заедно со проф. д-р Зоранчо Малинов), Етномузикологија, Етноорганологија и Фолклорни манифестации, ментор е на пет докторанти и на 4 магистриранти. Од учебната 2010/2011 година до денес, е ангажирана како хонорарен професор по неколку предмети на студиската програма по Етноколреологија на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Научно-истражувачки проекти:
- Современи проекции на културните традиции во европска перспектива: етнолошки, фолклористички и етномузиколошки аспекти (Меѓународен научно-истражувачки проект финансиран од МАНУ и БАН, 2014-16, истражувач).
- Дигитализација на архивската граѓа на етнокореологот Михаило Димоски како ко-автор, (ко-автор со м-р Стојанче Костов)
Библиографија:
Монографски трудови:
- Жетварското пеење во Македонија, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Посебни изданија, кн. 45, Скопје, 2002.
- Музичките дијалекти во македонското традиционално народно пеење, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Народни песни, кн. 17, Скопје, 2008.
- MUSICAL DIALECTS IN THE MACEDONIAN TRADITIONAL FOLK SINGING- RITUAL SINGING -Author: Rodna Velickovska INSTITUTE OF FOLKLORE „MARKO CEPENKOV“ – SKOPJE МУЗИЧКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ ВО МАКЕДОНСКОТО ТРАДИЦИОНАЛНО НАРОДНО ПЕЕЊЕ - ОБРЕДНО ПЕЕЊЕ - ... www.scribd.com/.../ Rodna-Veličkovska-Muzičkite... 27 април 2011; број на страници 264
- Картографирање и ареалните истражувања во етномузикологијата, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Македонско народно творештво, Народни песни, кн. 17, Скопје, 2008.
- Македонското традиционално народно пеење од баладен тип, Маска, Скопје, 2009.
- Македонското традиционално народно пеење ‒ Хрестоматија со мелопоетска анализа, Маска, Скопје, 2012.
- Македонско традиционално народно певање (етномузиколошки огледи) Етнолошка библиотека, Посебна издања, књига 8 Српски генеалошки центар, Београд, 2013.
- Монографија ТАНЕЦ - Душата на Македонија, Танец, НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“- Скопје, 2015, 187 стр. во коавторство со Марко Китевски
- Обредната пејачка традиција во Кратовскиот регион, Музеј на град кратово, 2016.
- Македонската женска обредно-пејачка традиција (Етномузиколкошки есеи), Скопје, 2020.
- Каталог на дигиталната архива на етнокореологот Михаило Димоски, (2020). Институт за фолклор „Марко Цепенков“,Скопје, 1-79; (ко-автор со м-р Стојанче Костов
Статии:
- Традиционалното народно пеење во областа Порече, Македонски фолклор, година XXXVIII, број 71, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 2015, стр. 245-262;
- Istanbul in the Macedonian folk singing, Македонски фолклор, година XXXIX, број 72, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 2015, стр. 41-56
- 3. Културна соработка меѓу Русија и Македонија изразена преку запознавање на културните вредности на обредно-пејачките жанрови, First International Scientific Conference FILKO - PHILOLOGY, CULTURE AND EDUCATION, Штип, 2016 http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe, стр. 101-111;
- 4. Обрядовое пение в день святого Георгия в Македонии, Вопросы этномуыкознания, № 2/15, Научное переодическое издание, Российская академия музыки имени Гнесиных, Москва, 2016, стр. 91-107;
- Ороводната пејачка традиција во Кратовскиот регион, Зборник на трудови VIII, НУ Центар за култура, Битола, 2016, стр. 9-17;
- 6. Музичките дијалекти во македонското традиционално народно пеење, Зборник на трудови од научниот собир на тема „Јазикот наш денешен -
- јазикот наш насушен“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Јазикот наш денешен, кн. 27, Скопје, 2016, стр.177-194;
- Рефрените и нивната функција во обредната пејачка традиција кај Србите и Македонците, Зборник на трудови од Меѓународен научен симпозиум на тема Афирмација, продлабочување и проширување на вековните културни врски меѓу Р. Македонија и Р. Србија, Конзулат на Република Србија во Република Македонија – Битола, 2016, стр. 135-150;
- Картографирование как метод определения границ музыкальных диалектов в македонском обрядовом народном пении (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL/about) Меѓународното научно списание „Палимпсест“, год. II, бр. 3, УГД „Гоце Делчев, Штип, 2017;
- Структурно-композициските законитости во македонското традиционално народно пеење, Зборник на трудови IX, Семинар за традиционална музика и игра, НУ Центар за култура, Битола, 2017, стр. 29-34;
- „Ситни Стојно ситничанко“ како инспирација за проучување на ороводната пејачка традиција во пограничјето на Македонија и Бугарија, Проекции на културните традиции: България – Македония, издателство БАН, „Проф. Марин Дринов“, София, 2017, стр. 231-242;
- Културниот идентитет на женската обредно‐пејачка традиција од областа Осоговија, изразена преку варварушкото пеење, Култура/Culture, 2014/16, Mеѓународно списание за културолошки истражувања, стр.107-114;
- Обредната пејачка традиција во Овчеполскиот регион, Традиција и современост во Македонија и Србија, Зборник на трудови, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 2017, стр. 169-192;
- Македонските партизански песни за НОБ и револуцијата, Годишен зборник 2017, година IV, број 4, Универзитет „Гоце Делчев“ Музичка академија, Штип, 2017, стр. 145-156.
- Жетвата и жетварското пеење во Македонија и Русија (културни паралели) ЗБОРНИК НА ТРУДОВИ, ФИЛКО 3/ од Третата меѓународна научна конференција, Филологија, култура и образование Универзитет
- „Гоце Делчев“ Штип, 2018, https://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2650/2390, стр. 65-75
- „Значењето на теренските истражувања во фолклористиката“Македонски фолклор, бр.75, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 2019, стр. 23-32;
- „Македонское жатвенное пение“ Из истории этномузыкологии, Сборник научных статей и методических материалов Министерство культуры Российской Федерации Санкт-Петербургская государственная консерватория имени Н. А. Римского-Кор Корсакова, Кафедра этномузыкологии Фольклорно-этнографический центр имени А. М. Мехнецова Санкт-Петербург Воронеж 2019, стр.163-175;
- Традиционалното народно пеење во Овчеполскиот регион, „Илинденски денови“, XI Семинар за традиционална музика и игра, одржан во рамките на 49-от Републички фестивал за народни песни и игри, Битола, 2019, стр.13-29;
- „Ѓурѓовденските празнувања во селото Гостиражни, Прилепско“, Зборник на трудови 1, Фолклорот во минатото и денес, Прилеп: Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, Прилеп, 2020, стр. 39-50.
- „Собирачи и истражувачи на македонската народна песна“, Семинар за традиционална музика и игра, НУЦентар за култура, 50-от Републички фестивал за народни песни и игри, „Илинденски денови“, Битола, 2020, стр. 24-36;
- „Велигденски празнувања: традиција и современост“Македонски фолклор, бр.77/78, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 2020, стр. 105- 122;
- „Проучување на исчезнатите пејачки жанрови во македонското традиционално народно пеење(со посебен осврт врз црепнарското пеење), Зборник на трудови 2, Фолклорот во минатото и денес, Прилеп: Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, Прилеп, 2021, стр. 31-40.
- „Водичарското пеење и во Кичевскиот регион“ Семинар за традиционална музика и игра, НУЦентар за култура, 51-от Републички фестивал за народни песни и игри, „Илинденски денови“, Битола, 2021, стр. 24-36;
Останати активности:
Во 2018 година учествувала на IV Меѓународен фестивал-смотра на фолклорни ансамбли и исполнители на традиционална инстрментална музика на образовни организации на средно и високо образование, „ Вселиственный венок “ (Декадентски венец) како член на стручното жири и на Студентската конференција The IV Scientific and Practical Conference of students and graduate students ,,Ethnomusicology: history, theory, practice”, што се одржа од 13 до 18 мај, 2018 година, во Санкт Петербург, Русија како член на стручното жири. Во рамките на конференцијата имала предавање на тема: „Сбадбените обичаи и свадвебото пеење во Осоговието“. На истата конференција имала креативна лабораторија за развој на традиционални песни и заедно со студентката Тијана Јаневска водела мастер класа за традиционалните женски ора во Овчеполието.
Како ментор на Jаневска Тиjана, студент на втор циклус студии на Музичка акаденија при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип учествувавме на IХ Международной научно-практической конференции «Этномузыкология: история, теория, практика» (16–19 мая 2020 года, Санкт-Петербург), на тема „Лазарските обредни поворки и нивните етнокореолошки карактеристики во село Луке“ и ја освоивме наградата Лауреат од прв степен;
Од 1 до 8 декември 2020, како член на стручно жири (on line) учествувала на V Меѓународен фестивал-смотра на фолклорни ансамбли и исполнители на традиционална инстрментална музика на образовни организации на средно и високо образование, „Вселиственный венок“ во Санкт-Петербург.