Кирил Кузманов е еден од неколкуте џез музичари кои се враќаат во Македонија по нивното завршување на студиите на престижниот универзитет во Грац. Роден е 1987 година во Штип каде што завршува основно и средно музичко образование, отсек саксофон.
Во текот на неговото образование Кирил посетува повеќе семинари од областа на џез музиката кај повеќе врвни џез музичари меѓу кои Боб Минцер, Дик Оутс, Џери Бергонзи, Џим Снидеро, Џими Коб, Адам Нусбаум, Луис Диего Бониља, Лари Голдингс, Бил Стјуарт, Боб Брукмаер, Џон Аберкромби, Дејв Либман, Мигуел Зенон, Дон Менза, Џеф Балард, Били Харт... Зема учество на IASJ JAZZ MEETING 2009, одржан во Луцерн, како преставник на Џез Академијата од Грац, каде присуствуваат најдобрите студенти и професори на Џез Акедемиите од цел свет под водство на Дејв Либман.
Како изведувач Кирил е дел од повеќе музички состави меѓу кои Кирил Кузманов Квартет, Jim Rotondi Electric Band, HGM Jazz Orchester Zagreb, SCURDIA Markus Schirmer&Friends, La Cherga, Irina Karamarkovic Band, Тони Китановски Панда 5, Влатко Стефановски Бенд, Mathias Ruppnig 5tet, Vesna Petkovic Band, , Гоце Стевковски Септет, Dave Wilson 7, Зоран Маџиров Бенд, Даниел Чачија Бенд, Tavitjan Brothers Band, Lars Johanson Band, CuckooRack Jazz Ensemble, ЗЏМ Џез Оркестар, Eddie Luis Jazz Passengers. Со овие состави Кирил има реализирано повеќе музички остварувања. Студиски снимки:
La Cherga “Fake no more (2008)“ и “REVOLVE” (2011)- Asphalt Tango Records, SCURDIA “GLOBALIVE” (2014)”- LOTUS RECORDS AUSTRIA, HGM “Plays the Music of Ivo Robic” (2013)- Aquarius Records Croatia, Гоце Стевковски Септет “7 Stories” (2013) – Password Production и “Homage to a Dreamer” (2018)- SJF Records, Џијан Емин Magical Orchestra “Live in Ohrid” (2021) - ZJM Records, Bopheads “At the Philharmonic” (2022) – ZJM Records, Sarajevo Jazz Guerrilla “Sarajevo Jazz Guerrilla” (2022) – Aquarius Records Croatia.
Саксофонистот Кирил Кузманов во текот на својата кариера има настапувано на повеќе места ширум светот, издвојувајќи ги следните клупски и концертни настапи: Клубски настапи - Melkweg (Amsterdam), Fabrik (Hamburg), JazzKeller (Frankfurt), Postgarage (Graz), KinoSiska (Ljubljana), Gebaude9 (Koeln), Domicil (Dortmund), Ampere (Muenchen), MusikensHus (Goeteborg), Pavillon (Hannover), Moods (Zurich), Szene (Vienna), Global (Copenhagen), Porgy & Bess ( Vienna ), Kammerlichtspiele ( Klagenfurt ) , Stadtgarten (Cologne ) , MC Gallery ( New York )…; Поголеми концерти - Fusion Festival (Berlin), Sava Centar (Belgrade), Универзална сала (Скопје), Wiener Konzert Haus (Vienna), StadtHalle ( Graz )....
Член е и еден од основачите на биг бендот на здружението на џез музичари и слободни уметници.