Вовед Детален опис на сегашните сознанија на предметот на истражувањето Последните децении во Република Македонија се јавува тенденција на мобилност на младите категории на населението во насока на мигрирање во два правци: Од помалите градови на државата кон главниот град Скопје и миграција надвор од државата. Ова можеби е и главниот проблем кој предизвикува демографска депопулација и нерамномерен регионален развој. Притоа главните претпоставки од кои се тргнува е дека постои тенденција за мобилност на овие категории, која е детерминирана од карактерот на формалното образование и образовните политики, но и од визиите на младите во однос за тоа каде се гледаат во перспектива. Мотивите подеднакво зависат од матријално- економските потенцијали и регионалните политики, но и од културолошките карактеристики поврзани со глобализацијата и новите потреби и приоритети на иднината. Последните тенденции на модерното и постмодерното општество, ги интегрираат дискурзивните форми на индивидуалната природа на перцепциите, кои заедно со индустријализацијата, урбанизацијата и глобализацијата, во последните триесет години ја создаваат комплексноста на демографските потенцијали и реалните можности адаптирани на визиите на младите. Доколку во доцните седумдесетти и осумдесеттите години, главната мобилност на населението беше детерминирана од образованието и професионалната ориентација во насока село-град, дотолку по крајот на деведесеттите години на дваесеттиот век, мобилноста се повеќе се одвива во два правци: од помалите градови кон главниот град (административно, образовно и економските центри) и исселување надвор од државата, најчесто во правец на Западно-европските држави, САД или Канада, каде повторно примарни се економските и образовните фактори. Ова не значи дека и во минатото не постоел ваков тип на мобилност на населението, но она што денес е карактеристика, а поради демографската депопулација, ова се повеќе значи загрозување на основните економски и егсистенцијални потенцијали на цели региони во Р. Македонија. Предложени истражувања
Основниот предмет на истражувањето се фокусира на целната група млади, средношколци и студенти и корелативниот однос помеѓу образовната мотивација и можноста за миграција на младите во Република Македонија и надвор од Република Македонија. Оттука истражувањето се фокусира на мотивацијата на средношколците за запишување во високообразовните институции во РМ, но и мотивацијата на студентите за породолжување на нивното образование во рамките на универзитетите во коишто веќе студираат и користењето на можноста за студентска мобилност. Ова истражување ги има следните цели:
Општа хипотеза Образовната мотивација кај младите е еден од клучните фактори кои влијае за демографска мобилност .
Посебни хипотези
Поединечни хипотези
Во рамките на истражувањето се користат квалитативни и квантитативни методи со мултифакторијална анализа и користење на математички вредности за прикажување на различните фактори на влијание при процесот на носење на одлуки кај Единиците на локалната самоуправа во Источниот плански регион на Република Македонија. Преку квалитативна анализа на соодветната законска регулатива, во која се вклучени Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Закон за локална самоуправа, Закон за меѓуопштинска соработка (Службен весник на РМ 79/2009), Закон за рамномерен регионален развој (Службен весник на РМ 63/2007), Закон за државни службеници, Закон за јавна администрација и сл., се утврдуваат надлежностите и можностите на Единиците на локална самоуправа да донесуваат одлуки. Анализа на капацитетите на Единиците на локалната самоуправа, преку спроведување на полуструктурирани интервјуа со вработените во локалната администрација и членовите на локалните тела (градоначалници и членови на општинските совети). Ваквото истражување ќе се однесува на три општини од Источниот плански регион. Притоа ќе бидат опфатени општините Штип, Виница и Чешиново- Облешево. Студија на случај (Case Study), анализа на процесот на носење одлуки во трите предвидени општини (Штип, Виница и Чешиново- Облешево). Притоа, ќе се разгледува дали при донесувањето на овие одлуки е консултирана јавноста што ќе овозможи се лоцираат факторите на влијание. Спроведување на полуструктурирани интервјуа со претставници на НВО во трите општини кои се предмет на анализа. Спроведување на два анкетни прашалници. Во првиот ќе бидат опфатени граѓаните од Единиците на локалната самоуправа во Источно планскиот регион, а во вториот вработените во локалната администрација на Единиците на локалната самоуправа на целиот Источно плански регион. Во истражувањето ќе се користи квалитативна анализа (анализа на интервју и анализа на документи) и квантитативна анализа на податоци (статистички податоци, анализа на анкетни прашалници). Во истражувањето ќе се користи мултиваријациона анализа со цел да се даде опис на големиот број променливи кои ќе бидат дефинирани во истражувањето. При обработката на податоците преку пондерација и факторијална анализа на различните фактори на влијание во процесот на носење на одлуки, на истите ќе им се дадат математички вредности, со што ќе биде произведен генерален модел.
Истражување е предвидено да трае две години, со следната предвидена динамика: Прва истражувачка година а) Прво тромесечје (Организација и координација на тимот, со распределба на должностите. Методолошка подготовка на полуструктурираните интервјуа и анкетните прашалници и обезбедување на соодветната законска регулатива). б) Второ тромесечје (Спроведување на предвидените интервјуа во трите предвидени општини. Спроведување на анкетните прашалници во Единиците на локалната самоуправа на Источно планскиот регион). в) Трето тромесечје (Компаративна анализа на законската регулатива и детерминирање на соодветните административни капацитети на Единиците на локалната самоуправа. Проучување на случај (Case study) на процесот на донесување на одлуки во трите предвидени општини кои се предмет на истражување. Статистичка обработка на податоците од анкетните прашалници). г) Четврто тромесечје (Утврдување на застапеноста на различните фактори при процесот на носење на одлуки). Преку мултифакторијална анализа, давање на математичка вредност на различните фактори на влијание и детерминирање на степенот на транспарентност при носењето на одлуки). Втора истражувачка година а) Прво тримесечје Сумарна анализа на податоците добиени од истражувањето, компарација на резултатите со најновите теоретски сознанија. Продуцирање на генерален модел (генерализација) и создавање на соодветна теоретска рамка во која резултатите можат да се вклопат. в) Второ тримесечје Подготовка на сумарниот извештај од истражувањето. Подготовка на публикација. г) Втора половина од годината Презентација на проектот на домашни и меѓународни конференции. Организирање на презентација на публикацијата во Р. Македонија. |
Литература
Akiyoshi Yonezawa, Terri Kim (2008) The Future of Higher Education in the Context of a Shrinking Student Population. In, Higher Education to 2030, Volume 1, Demography.
Cairns David (2010) Youth on the Move, European Youth and Geographical Mobility, ISBN: 978-3-531-16861-6 (Print) 978-3-531-92331-4.
Anderson, Benedict (1991): Imagined communities. London: Verso.
Biggart, Andy/Cairns, David (2004): Families and transitions in Europe: Comparative report. Coleraine: University of Ulster.
Brannen, Julia/Lewis, Suzan/Nilsen, Ann/Smithson, Janet (eds) (2002): Young Europeans, work and family. Futures in transition. London: Routledge
Dimitrov, Nikola (2002) Demogeographic models of rural development in the Republic of Macedonia in times of global structural changes. Popis na naselenieto, domakinstvata i stanovite vo Rpublika Makedonija, 2002, 1994, Leksikon migraciskoj i etnickog naziva - Zagreb. pp. 2-8.
Evans, Karen/Behrens, Martina/Kaluza, Jens (2000): Learning and working in the risk society. Lessons for the labour markets of Europe from Eastern Germany. Houndmills: Macmillan.
Eggert, Wolfgang, Tim Krieger and Volker Meier (2010) Education, unemployment and migration. In Journal of Public Economics, Volume 94, Issues 5–6, Pages 354–362.
Education and Migration (2014) Strategies for integrating migrant children in European schools and societies. A synthesis of research findings for policy-makers ; Report submitted to the European Commission by the NESSE network of experts
Geisen, Thomas (2004): People on the Move: The Inclusion of Migrants in ‘labor transfer systems’ – the European Case. In: Geisen, Thomas/Hickey, Anthony Andrew/Karcher, Allen (eds.) (2004). 35–79.
Hoerder, Dick (2004): Migration as a balancing process: Individuality and societal connections of mobility. In: Geisen, Thomas/Hickey, Anthony Andrew/Karcher, Allen (eds) (2004). 15–34.
Hristoski Ilija, Kosta Sotiroski (2014) Statistical Performances of Population Migration in the Republic of Macedonia at the Beginning of the 21st Century. In Migration and Ethnic Themes, Institut za migracije i narodnosti.
JOVESKI, Zoran B. (2012) FORMS OF ILLEGAL AND FORCED MIGRATION IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA. In, Security Dialogues . Vol. 3 Issue 2, p59-74. 16p.
Peixoto, João (2001): Migration and policies in the European Union: Highly skilled mobility, free movement of labour and recognition of diplomas. In: International Migration 39 (1). 33–59.
Simovska, V. (2003) Student participation: a democratic education perspective—experience from the health‐promoting schools in Macedonia. Health Education Research, Volume 19, Issue 2, Pp. 198-207.
Stojanovski, Strasko and Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana (2013) Младите и иднината: Мотиви за избор на образованието и потенцијалните можности за работа. In: International scientific conference: Socio-cultural issues and challenges of contemporaneity, 18-19 Oct 2013, Faculty of Filosophy, State Universety of Tetovo.
Thomson, Rachel/Taylor, Rebecca (2005): Between cosmopolitanism and the locals: Mobility as a resource in the transition to adulthood. In: Young, 2005, Vol. 13 (4). 327–342.
United Nations Development Program (UNDP).(2004). Socio-economic Disparities among Municipalities in Macedonia, Skopje: United Nations Development Programme
United Nations Development Program (UNDP).(2006a). Human Development Report, Unplugged: Faces of Social Exclusion in Croatia, Zagreb: Denona d.o.o
United Nations Development Program (UNDP).(2009). People-Centered Analyses, QUALITY OF LIFE AND REGIONAL DEVELOPMENT IN FYR MACEDONIA. Skopje: UNDP, March 2009 edition.
World Bank (WB). (2005). Poverty Assessment for 2002–2003. Report No. 34324-MK FYR of Macedonia Poverty Reduction and Economic Management Unit Europe and Central Asia Region
World Bank (WB). (2008a). FYR Macedonia Public Expenditure Review; Poverty Reduction and Economic. Management Unit: Europe and Central Asia Region February, 2008
World Bank (WB). (2008b). Labor Market Profile 2004-2007 FYR Macedonia: A Policy Note.Human Development Sector Unit,EUROPE AND CENTRAL ASIA, June 27, 2008