Пијано 3

Предметот Пијано 3 се слуша на Вокално - инструменталниот оддел и на Одделот за теорија на музиката и музичка педагогија.

Во рамките на ВИ одделот, предметот Пијано 3 опфаќа припрема и изведба на солистичка програма која се состои од композиции од 4 различни епохи, и тоа:

Сонатна форма или варијации од периодот на класицизам, романтизам, импресионизам и 20 век.

Во рамките на МТП одделот, предметот Пијано 3 опфаќа припрема и изведба на програма која се изведува со можност за читање на нотниот текст, која се состои од 4 композиции од различни епохи, и тоа:

          1.Полифона барокна композиција

          2.Соната од раниот класицизам - сите ставови

          3.Етида

          4.Композиција по слободен избор од романтизмот до современи композиции