Macedonian National Identity in the British and American Diplomatic and Intelligence Service 1919-1945
Апстракт: Во македонската историографија од ’90-те години на XX век до денес, се заокружија неколку теми во кои е обработен британскиот и американскиот политички интерес кон Македонија. Пред се, тоа се однесува на проектите кои го опфаќаа периодот на присуството на британските и воени мисии на САД во текот на Втората светска војна и британската и американската дипломатска кореспонденција кон Македонија. Како резултат на тие истражувана беа објавени и неколку монографии и зборници на документи. Со тоа пред македонската јавност, за прв пат се фрли светлина за ставовите на Велика Британија и САД кон Македонија и македонското национално прашање во наведениот период.
Меѓутоа, во македонската историографија сеуште постои голема празнина во однос на истражувањата за ставот на британскиот политички врв кон Македонија и македонскиот национален идентитет во периодот по завршувањето на Првата светска војна и Париската мировна конференција до 1945 година. Тоа е период во кој Велика Британија заедно со своите сојузници од војната ја “кроеја” политичката карта на Балканот, не водејќи притоа сметка за националните и територијалните интереси на одделни народи.
Со реализирањето на проектот би се овозможило да се даде слика како другите гледале на Македонија и македонскиот национален идентитет и тоа токму во времето кога, повторно, на Македонија и македонскиот народ им се негира нивната етничка и национална посебност не само од соседните држави туку и од внатре каде се повеќе се засилува процесот на негирање. А токму документите од британските и американските архиви би го покажале спротивното дека, македонскиот национален идентитет, не е никаква измислица на Коминтерната, туку дека Македонците поради склоп на надворешни и внатрешни историски околности не можеле, како сите други балкански држави, да ја експонира својата државна и национална посебност.
Abstract:
In the Macedonian historiography starting from the 90s of the XX century to the present, are finalized several topics that processed the British and American political interest toward Macedonia. Primarily, it refers to projects which cover the period of the presence of British and US military missions during World War II in Macedonia, and British and American diplomatic correspondence to Macedonia. As a result of these investigations several monographs and collections of documents were published. Thus the Macedonian public for the first time shed light on the positions of the UK and US towards Macedonia and the Macedonian national issue in this period.
However, in Macedonian historiography still exists a big gap in the research on the position of the British political leadership towards Macedonia and the Macedonian national identity in the period after the First World War and the Paris Peace Conference until 1945. It is a period in which Britain along with its allies in the war "were knitting" the political map of the Balkans, without taking account of national and territorial interests of individual nations.
The realization of the project will shed light and give a picture as how others watched Macedonia and the Macedonian national identity just at the time when again, Macedonia and the Macedonian people are denied their ethnic and national identity not only from neighboring countries but also from inside which intensifies the process of denial. The documents from British and American archives would reveal the opposite that the Macedonian national identity, is no figment of the Comintern, but that the Macedonians because of the internal and external historical circumstances could not, like all other Balkan countries, exposes its state and national identity.
Истражувачи
проф. д-р Тодор Чепреганов
доц. д-р Верица Јосимовска
доц. д-р Оливер Цацков
доц. д-р Соња Николова
проф. д-р Теон Џинго