Д-р Анета Стојановска-Стефанова е доцент во областа политички системи и меѓународни односи и историја на дипломатијата на Универзитетот “Гоце Делчев“ во  Штип.

Родена е на 28 јануари 1982 година во Штип. Основно образование завршилa во родниот град во основното училиште „Димитар Влахов” – Штип  каде е прогласена за најталентиран ученик на генерацијата '95/'96.

Средно образование завршила во Гиманзијата “Славчо Стојменски“-Штип со одличен успех. За време на средношколскиот период била потпретседател на Унијата на средношколци на Македонија. Образованието го продолжила како редовен студент на Правниот Факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, на отсекот за политички науки, каде се стекнала со назив дипломиран политиколог.  

За време на студирањето била стипендиант на германската Фондација “Конрад Аденауер“ и практикант во Собранието на Република Македонија преку американскиот Национален Демократски Институт (НДИ).

На постдипломски студии се запишала на Факултетот за политички науки и дипломатија во Скопје,на насоката – меѓународна и европска политика и дипломатија. Успешно го одбранила магистерскиот труд “Уставно-правните и политичките аспекти на надворешната политика со посебен осврт на искуствата на Република Македонија” и се стекнала со научен назив Магистер на политички науки.

На докторски студии се запишала на Правниот факултет во Штип, насока – политички науки-политички системи. Успешно ја одбранила докторската дисертација “Признавање на државите во меѓународното право и меѓународните односи” и се стекнала со научен назив Доктор на политички науки.

За време на студирањето и потоа активно објавува свои трудови во списанието Став на Правниот факултет “Јустинијан Први“, во списанието “Студентски збор“, во магазинот “Политичка мисла“.

Во својата работна кариера работела како советник во ЈП Водовод-Скопје, била државен советник во Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, а моментално е доцент на Факултетот за туризам и бизнис лигистика на Универзитетот “Гоце Делчев“-Штип, во научната област политички системи и меѓународни односи и исто­ри­ја на дипломатијата, каде е избрана за раководител на катедрата по бизнис логистика.

Во научно-истражувачката дејност се афирмира преку учество и презентација на стручни трудови на конгреси, конференции, проекти, симпозиуми, семинари и отворени трибини во земјата и странство.

Доц.д-р Анета Стојановска-Стефанова е автор и коавтор на неколку книги објавени во земјата и странство, како и автор на повеќе стручни трудови во различни домашни и меѓународни списанија.

Во 2009 година ја добила наградата за посебни заложби од страна на Канцеларијата на УСАИД во Скопје, за докажано лидерство и континуирана поддршка во процесот на развој и имплементација на Автоматскиот Систем за распределба на ЦЕМТ дозволи, како и за раст на транспарентноста, чесноста и посветеноста во рамките на проектот на УСАИД, наречен ЕВлада.

Во 2015 година, доц.д-р Анета Стојановска-Стефанова доби Орден на Заслуги “Претеча“ за особен придонес во обновата на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител.

Во 2018 на локалните избори по втор пат е избрана за член на советот на Градот Скопје, каде е претседател на комисијата за образование.

Го говори течно англискиот јазик, а се служи и со германскиот јазик.