Настава

Право на Европска унија-применета програма -втор циклус

Offered: 

2019

Основна цел на предметот Право на Европска унија-применета програма е запознавање на студентите со acqui communautaire, од една страна, како и процедуралниот дел  при креирањето, носењето и спорведувањето на истото право, од друга страна. Поконкретно, студентите ќе имаат можност да се запознаат со правниот систем на Европската Унија како и со правото кое тој систем го генерира во однос на самата унија, државите членки и нивните граѓани.  Воедно, студентите ќе се запознаат со изворите на ова специфично прво, неговите видови, како и со работата на инситуциите на Унијата.

Меѓународни организации - втор циклус

Offered: 

2019

Со изучување на предметот ,,Меѓународни организации" студентите ќе се запознаат со меѓународните организации, нивната поставеност, функција и начин на одлучување и работа. Подетално студентите ќе се запознаат со историскиот развиток на меѓународните организации и потребата од нив, теоретските поделби и класификации на истите како и изучување на конкретни меѓународни организации од отворен и затворен тип, како од глобален карактер и општа надлежност така и од регионален карактер  и специјализирана надлежност.