Skarik, Milica (2017) Историја на пијанизмот 1 (е-учебник). Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Македонија. ISBN 978-608-244-362-1

Во електронскиот учебник по предметот „Историја на пијанизмот 1“ е опфатен целиот период од создавањето на инструментите со клавиши па сѐ до композиторот Волфганг Амадеус Моцарт. Во учебникот детално се разгледани инструментите со клавиши, текстовите за свирење клавишни инструменти од 16 и 17 век, трактатот Il Transilvano од Џ. Дирута, како и оригинални прстореди од современиците на Дирута. Потоа се опфатени англиските вирџиналисти Џон Бул, Вилијам Берд, Џил Фарнаби, Томас Томкинс и „Збирката за вирџинал на Фицвилијам“, збирка која има единствено место во историјата на музичката нотација и која значително влијаела врз создавањето на современата пијанистичка техника. Понатаму во учебникот исцрпно е претставена музиката за чембало и трактатите на композиторите Франсоа Купрен и Жан Филип Рамо, по кои следуваат Доменико Скарлати, Георг Фридрих Хендел и Јохан Себастијан Бах. По нив е даден осврт на клавирската музика на Баховите синови Вилхелм Фридеман, Карл Филип Емануел, Јохан Кристоф Фридрих и Јохан Кристијан Бах, заедно со нивните дела кои извршиле значајно влијание врз Јозеф Хајдн и Волфганг Амадеус Моцарт. Кон крајот на учебникот е опфатено творештвото за пијано на Јозеф Хајдн со иновациите во неговите 62 сонати и Волфганг Амадеус Моцарт.

Class: 

Историја на пијанизам 1