2018

"Креирање на можности за зголемување на вработеноста во РМ со избор на модели за финансирање на иновативни идеи, преку користење  на информации од ревидираните финансиски извештаи на компаниите"

"Creating opportunities for increasing the employment in the Republic of Macedonia by selecting models for financing innovative ideas, using information from the audited financial statements of the companies"

Главен истражувач: Проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска

Истражвачи:

Проф. д-р Трајко Мицески

Проф. д-р Јанка Димитрова

Проф. д-р Стеван Габер

Доц. д-р Благица Колева

Млад истражувач: Виктор Атанасовски

Апстракт

За да се овозможи пазарна трансформација на капиталот, како и ефикасна алокација на потребните слободни финансиски ресурси, потребно е да има организирани финансиски пазари и институции и регулативна рамка за нивно функционирање. Финансирањето на развојните планови и проекти на компаниите, кои ја зголемуваат можноста на компаниите за отворање на нови работни места (како во постоечките, така и во новите компании) може да биде од: сопствени извори (реинвестирање на остварената добивка), банкарски кредити, примарна и секундарна емисија на хартии од вредност (акции и корпоративни обврзници) и секако преку странски директни инвестиции. Избраниот модел на финансирање има директно влијание врз натамошниот тек на активностите и успешноста на компаниите, како и врз зголемување на човечкиот потенцијал.

Токму затоа ова истражување ќе биде насочено кон дефинирање и идентификување на информативната функција на презентирањата во финансиските извештаи, кредибилитетот на презентирањата кој се постигнува со ревидирањето на финансиските извештаи при носењето одлуки за избор на модели за финансирање на развојните проекти на компаниите и поттикнување на вработивањето на млади, стручни кадри.

Abstract

In order to enable market capital transformation, as well as efficient allocation of the necessary free financial resources, it is necessary to have organized financial markets and institutions and a regulatory framework for their functioning. Financing company development plans and projects, which increase the ability of companies to create new jobs (both in existing and in new companies) can be from: own sources (reinvestment of the realized profit), bank loans, primary and secondary issue of securities (stocks and corporate bonds) and, of course, through foreign direct investments. The chosen model of financing has a direct impact on the further course of activities and the success of the companies, as well as on increasing human potential.

This is why this research will focus on defining and identifying the informative function of presentations in the financial statements, the credibility of the presentations that is achieved through the audit (revision) of the financial statements when deciding on the selection of models for financing the development projects of the companies and encouraging the employment of young, professional staff.

Цели на истражувањето

Целта на истражувањето во проектот ќе биде насочена кон дефинирање и идентификување на информативната функција на презентирањата во финансиските извештаи, кредибилитетот на презентирањата кој се постигнува со ревидирањето на финансиските извештаи, при носењето одлуки за избор на модели за финансирање на развојните проекти на компаниите и зголемување на вработеноста.

Апликативна имплементација

  • Добиените податоци и сознанија од истражувачкиот дел на проектот ќе допринесат за формирање на научен став за користење на  информациите содржани во финансиските извештаи при деловното одлучување особено за избор на модели за финансирање на развојните проекти на компаниите и за нивните потреби и можности за креирање нови работни места.
  • Имплементацијата ќе се валоризира преку примената на современи научни методи и модели, преку презентирање на добиените резултати - кои се претпоставува дека ќе произлезат од самото истражување.    

Презентирање и објавување на резултатите, преку:

а) учество на докажани истражувачи во научната работа со примена на соодветни инструменти и техники предвидени за  реализирање на активностите од овој проект. Ова ќе овозможи  проширување на знаењата и искуствата од областа на сметководството, финансиите, ревизијтаа, претприемништвото  и маркетинготот;

б) публикување на научни трудови во реномирани меѓународни списаниј.а

в) презентирање на добиените резултати на домашни и меѓународни  научни конференции;

г) соработка со други научни академски институции со цел практична примена на резултатите  добиени од  ова истражување.

Recommended Release

Version Package Date
Poster za proekt Download (233.3 KB) Release info Jan 26 2019